Кога би биле живи: Како би изгледале денес Курт Кобејн, Боб Марли, Џенис Џоплин...?

Рок легенди кои многу одамна и за жал многу млади го завршија својот живот, оставија музика вредна богатство и пример за квалитетна музика која останува со децении.

kako-bi-izgledale-denes-kurt-kobejn-bob-marli-jenis-joplin-01

Сепак сеќавањата на ваквите ликови сè уште траат.

Доказ за тоа е серијата од фотографии која агенцијата за комуникација „Сакс медиа“ во соработка со сајтот Phojoe.com ги прикажува ѕвездите, како би изгледале денес доколку би биле живи.

„Со оваа серија сакавме да оддадеме почит кон рок великаните и да ги потсетиме обожавателите на магијата која ни ја подарија“ – објаснил директорот на „Сакс медиа“, Рон Сакс.

Покрај тоа што направиле фотографии, во соработка со истакнати музичари и аналитичари кои го следеле нивниот развој тие смислиле и приказни, по претпоставка што би правеле и со што би се занимавале денес.

Курт Кобејн (Нирвана)

(починал: 1994 година на 27 години)

Судејќи според аверзијата која ја имаше кон славата, Кобејн и понатаму би свирел со Нирвана, но би се вклучувал во помалку комерцијални проекти за да ја поврати анонимноста и уметничката слобода која ја имал на почетокот на кариерата. Веројатно би пронашол и начин да привлече внимание на младите музичари, но би истражувал и повозрасни американски музичари со кои би соработувал.

kako-bi-izgledale-denes-kurt-kobejn-bob-marli-jenis-joplin-1

Денис Вилсон (Beach Boys)

(починал: 1983 година на 39 години)

Иако неговите соло проекти би го задоволиле, Вилсон веројатно би продолжил со Beach Boys, по што би останал и најпознат. Би продолжил да настапува со матичниот бенд, но би учествувал и во „Аll star“ настапите со останатите рок легенди, повремено со нив би се впуштал во проекти, а сигурно би снимил и заеднички албум со долгогодишната пријателка и љубовница Кристин МекВие.

kako-bi-izgledale-denes-kurt-kobejn-bob-marli-jenis-joplin-2

Боб Марли

(починал: 1981 година на 36 години)

Марли инспираше многу музичари во светот, како ретко кој друг. Ако беше жив сигурно би ги надминал јамајканските корени, односно би ги проширил погледите, би остварил соработка со многу музичари од различни земји и сигурно би бил една од централните фигури на светската музика. Судејќи според неговото кокетирање со другите жанрови би бил одличен соработник со музичари како Фуџис и Канје Вест. Покрај сето тоа, сигурно би се залагал за правата на црнците низ целиот свет.

kako-bi-izgledale-denes-kurt-kobejn-bob-marli-jenis-joplin-3

Џон Ленон

(починал: 1980 година на 40 години)

Музичар кој влијаел на музичари како Боно и Бог Гелдоф, веројатно би продолжил со социјалниот активизам по кој многумина го паметат. Можеби би станал и вистински рокер кој би се вмешал и во хип-хоп револуцијата, би експериментирал со музиката, би се вратил на корените и сигурно би останал со Јоко Оно.

kako-bi-izgledale-denes-kurt-kobejn-bob-marli-jenis-joplin-4

Џенис Џоплин

(починал: 1970 година на 27 години)

Нејзиното темпо на живот и начинот на пеење едноставно не биле одржливи и голема е веројатноста дека во некоја фаза од кариерата би доживеала целосен колапс, веројатно уште во раните 70-ти. Но, до почетокот на 80-тите би се вратила помудра и поискусна како и нејзините современици Џо Кокер и Тина Тарнер. Гласот веќе не би ѝ бил ист, но би знаела да го контролира. Би соработувала со најдобрите музички соработници со кои би создавала еднакво моќни, длабоки и страствени албуми.

kako-bi-izgledale-denes-kurt-kobejn-bob-marli-jenis-joplin-5

Елвис Присли

(починал: 1977 година на 42 години)

Сè додека Том Паркер би бил негов менаџер, тешко дека би доживеале некои драстични промени во стилот, а не е изгубена ниту можноста Паркер во некој момент да му отвори казино во Лас Вегас каде би бил крал на рокенролот. По смртта на Паркер, Елвис би се разгранил како и неговиот постар колега од истата издавачка куќа, Џони Кеш. Веројатно рок музиката би ја препуштил на младите рок продуценти, а тој би се вратил на блуз и кантри. Тоа би му донело нова публика, а можна е и соработка со Френк Синатра и Тони Бенет.

kako-bi-izgledale-denes-kurt-kobejn-bob-marli-jenis-joplin-6

Џим Морисон (The Doors)

(починал: 1971 година на 27 години)

Од сите рокери во шеесеттите кои умреле млади, Морисон е најтешко да се одреди и предвиди. Го интересирале многу работи, меѓу кои поезија, филм и театар. Веројатно на некој начин би бил вклучен во експлозијата на независниот филм во 70-тите, а можеби би бил и првата рок ѕвезда од својата генерација која би се пронашла во панк рокот и алтернативната сцена подоцна. Но, можеби и целосно би ја напуштил музиката, би се отселил во Њујорк, Париз или Токио и би се посветил на пишувањето.

kako-bi-izgledale-denes-kurt-kobejn-bob-marli-jenis-joplin-7

Џими Хендрикс

(починал: 1970 година на 27 години)

Во време кога умрел, Хендрикс бил фрустриран од ограничената рок сцена и почнал да размислува за заеднички проект со Мајлс Дејвис. Тоа би отворило нови светови за двајцата музичари и најверојатно би резултирало со ремек дело од џез-рок фузија. Би продолжил да се занимава со експериментирање и истражување на новата технологија. Би се оддалечил од поп-рок сцената и би станал мост за фанк-џез музичарите како што се Парлиамент.

kako-bi-izgledale-denes-kurt-kobejn-bob-marli-jenis-joplin-8

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
„Имав мозочен удар, не сум била на љубовен состанок 6 години“: Ретко појавување на Сузан Бојл од Bri... „Прекрасно е чувството што сум повторно овде. За мене е навистина посебно, бидеј...
Познати светски ѕвезди чии родители им го уништиле детството И покрај славата и богатството, раниот живот на Меколи Калкин не бил лесен. Со н...
10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg