Бијонсе е бремена по втор пат!

На последниот концерт во склоп на нивната светска турнеја On The Run одржан во Париз, Џеј Зи откри дека Бијонсе е бремена по втор пат!

bijonse-e-bremena-po-vtor-pat-01.jpg

За време на изведувањето на песната Beach is Better, раперот го промени стихот и објави дека го очекуваат своето второ дете.

„...Затоа што е бремена со второ дете,“ отпеа Џеј Зи, а фановите кои се најдоа на концертот веднаш ја објавија веста за бременоста на социјалните мрежи.

33-годишната музичка икона и нејзиниот сопруг изгледа веќе извесно време се трудат да ја сокријат бременоста, судејќи по зборовите на најновиот извор.

„Изминатиот месец, Џеј Зи е страшно заштитнички настроен кон неа, исто како што беше кога ја очекуваа Блу Ајви. Тој прави се што може за да се осигура дека Бијонсе не е под стрес. Дури и ја информирал целата придружба дека ќе мораат да користат смирени гласови, нежно светло и да слушаат исклучиво мирна музика, а покрај тоа секој оброк на Бијонсе мора да е органски. Навистина прави се што може за таа да се чувствува удобно и здраво,“ вели изворот.

На неколку наврати до сега, Бијонсе изјави дека потполно се согласува дека на нејзината ќерка и треба друштво.

Кратката историја за бременоста на Бијонсе започнува во крајот на 2010 година, кога доживеала несакан абортус, а само 1 и пол година подоцна на доделувањето на MTV VMA наградите Бијонсе го откри своето трудничко стомаче.

На 7-ми јануари 2012-та Бијонсе и Џеј Зи ја добија својата ќерка Блу Ајви.

Би можело да ве интересира:

„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Тврди дека го посрамотиле – Зошто Џеки Чен нема да му го остави наследството на синот и не сака да ј... „Ако е способен сам ќе си заработи пари, ако не е, само ќе ги потроши моите“ – с...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg