Адел и Ријана најпристојни, останатите ѕвезди во цветни одела и смешни фустани на Brit Awards 2016

Brit Awards беше поводот заради кој синоќа, во О2 арената во Лондон се собраа најголемите имиња од светот на музиката и шоу бизнисот.

adel-i-rijana-najpristojni-ostanatite-zvezdi-vo-cvetni-odela-i-smesni-fustani-na-brit-awards-001.jpg

Црвениот тепих го водеа Ријана и Адел, веројатно заради искуството на тема како треба да изгледа една ѕвезда, додека другите повеќе и помалку познати имиња - потфрлија.

Адел, која е видно ослабена блесна во фустан со карнери во боја на вино.

Ријана пак, беше зачудувачки едноставна, но елегантна во долг фустан со ситни карнери и боја на лаванда.

Кајли Миног се појави во црн корсет и здолниште од тул, Шерил Фернандез-Версини одбра жолт корсет фустан со подолг заден дел, а Лана Дел Реј изненади со лежерноста во бел цветен фустан.

Што се однесува до машкиот дел, некои се појавија елегантни во црни смокинзи, други во цветни одела, а трети пак во фармерки и кожни јакни.

Сè на се, владееше опуштена и по малку хаотична модна атмосфера на црвениот тепих на Brit Awards:

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пирс Броснан е лудо вљубен во сопругата и по 22 години брак: „60 рози за мојата сакана, за 60-тиот р... За 60-тиот роденден, Пирс Броснан ја изненадил сопругата со букет од 60 рози и у...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Машин Ган Кели како Ума Турман, а Меган Фокс со крв на лицето - Ѕвездите со спектакуларни маски по п... Парис Хилтон ѝ даде поддршка на другарката Бритни Спирс, па се облече во костимо...
Збогум музичари и режисери – Бела Хадид е вљубена „до уши“ во згоден каубој (видео) „Ова е мојот Валентин“ – Бела Хадид конечно го покажа згодниот каубој со кого ја...
Први фотки од таткото на Бритни откако му ја ампутираа ногата – Пејачката не сака да му прости (фото... Вчера (12.12) таткото на Бритни Спирс првпат се појави во јавност откако му беше...
Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg