Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Се вљубил кога ја видел во проѕирен фустан: 11 мали тајни на Кејт Мидлтон и принцот Вилијам

Кога сте јавна личност сосема нормално е секој ваш чекор да биде следен од будното око на новинарите обидувајќи се да дознаат нова ситница за вашиот приватен живот.

se-vljubil-koga-ja-videl-vo-prodziren-fustan-11-mali-tajni-na-kejt-midlton-i-princot-vilijam-001.jpg

Работите стануваат многу посложени кога сте член на британското кралско семејство.

Животот на Кејт и Вилијам е нешто кое постојано е под лупата на новинарите и се чини дека секој нивни чекор е документиран и прикажан во јавноста.

Сепак постојат некои интересни факти од нивните животни кои за кои сигурно до сега не сте знаеле:

1. Пред да продолжи со образование на факултет, Вилијам решил да отиде во Чиле и да живее живот кој практично немал никаква допирна точка со кралскиот. Неговите секојдневни обврски се состоеле од чистење тоалети, варење каша за појадок, па дури и пренесување на тешки трупци.

11-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-kejt-midlton-i-princot-vilijam-1.png

11-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-kejt-midlton-i-princot-vilijam-2.png

11-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-kejt-midlton-i-princot-vilijam-3.png

2.  И покрај тоа што уредниците на таблоидите беа во искушение да објават огромен број фотографии од Кејт, кога се дозна дека таа излегува со Вилијам, сепак се воздржаа. Главната причина за тоа беше што не сакаа да ја загрозат нејзината безбедност, имајќи го на ум фактот дека принцезата Дијана почина во автомобилска несреќа обидувајќи се да избега од папараците кои ја следеа. Токму затоа, беше постигнат договор да се објавуваат нејзини фотографии само кога на нив се заедно со принцот Вилијам.

3. Мајката на Кејт работела како стјуардеса и го запознала нејзиниот татко, пилот, токму на еден од летовите.

4. Кејт го посетувала „Marlborough College“ и била предмет на исмевање. Кога девојчињата влегувале во мензата, момчињата имале начин на оценување на нивната привлечност така што покажувале знаци со оценки. Кејт најчесто добивала оцени 0 или 2.

5. Но и покрај тоа што соучениците ја исмевале, таа за кратко време пораснала во девојката која секој родител ја посакува. Пеела во хор, била капитен на лакрос тимот и ученик со чии оценки секој родител би се гордеел.

6. Не постои никаква темна дамка во минатото на Кејт. Во спротивно кралското семејство во никој случај нема да дозволи таа да се венча со Вилијам. Се чини дека за неа не постојат никакви докази дека направила нешто лошо, дека навредила некого или дека на некој начин се претставила во лошо светло. Апсолутно ништо.

7. Вака изгледал првиот училиштен ден на принцот Вилијам во „St. Andrews“, местото каде ја запознал Кејт.

11-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-kejt-midlton-i-princot-vilijam-4.png

8. Вилијам се заљубил во Кејт кога ја видел за првпат во улога на модел на една студентска ревија каде таа носела проѕирен фустан под кој се наѕирала долната облека.

11-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-kejt-midlton-i-princot-vilijam-5.png

9. Вилијам никогаш не ги искористил неговите пари или моќ за да ја импресионира Кејт. Наместо да ја носи на вечера во скапи ресторани или на концерти на познати изведувачи, тие двајца живееле во мала вила додека студирале на „St. Andrews“, а тој дури и се обидел да готви за неа.

10. Таблоидите сфатиле дека Кејт ја нема истата ѕвезда како принцезата Дијана. Да, секако таа е убава, поседува префинета елеганција и чувство за одлични комбинации кога е облеката во прашање, но тоа е сè.

11. Кејт била многу ангажирана при подготовките на нејзината свадба. Направила мал колаж од слики за човекот задолжен за изработка на свадбената торта, а учествувала и во изборот на облека за нејзините родители. 

М. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Модел на Victoria’s Secret објави видео од отстранувањето на имплантите на градите: „Бев болна зарад... Повеќе познати жени во изминатиот период одлучија да ги отстранат имплантите на ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Троши илјадници долари за нега, ги осигурала на милиони – Зошто Марго Роби е опседната со своите ста... „Мора да кажам, навистина сум почестена што на луѓето им се допаѓаат моите стапа...
Најпознатата двојничка на Кејт Мидлтон: „Постојано морам да објаснувам каде сум била – ова е лудост“ „Ова е лудост. Постојано морам да давам интервјуа и изјави и да им давам на луѓе...
Посветен татко или бизарен потег? Го истетовирал ликот на Тејлор Свифт на задникот за ќерка му да до... „Го фатив додека беше полузаспан и го убедив да направи огромна тетоважа со лико...
Почина во раце на братот Хоакин Феникс, растеше во секта: Факти за Ривер Феникс (23) миленикот на ти... „Има напади. Дојдете тука, те молам. Мора да дојдете овде, ве молам, бидејќи тој...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg