Посветен татко или бизарен потег? Го истетовирал ликот на Тејлор Свифт на задникот за ќерка му да добие гратиси за концерт

„Го фатив додека беше полузаспан и го убедив да направи огромна тетоважа со ликот на Тејлор Свифт на задникот“ – Австралијка раскажува како „го наседнала“ сопругот, тој да влезе во трката за бесплатни билети за концертот на Тејлор Свифт за нивната 12-годишна ќерка.

posveten-tatko-go-istetoviral-likot-na-tejlor-svift-na-zadnikot-za-kjerka-mu-da-dobie-besplaten-bilet-za-koncert-01.jpg

Нема граници на тоа што сѐ се подготвени да направат родителите за нивните деца да бидат среќни, а последниот пример доаѓа од Австралија, кога еден татко одлучил да го истетовира ликот на Тејлор Свифт на задникот за неговата ќерка да влезе во трката за бесплатен билет на нејзиниот концерт.

posveten-tatko-go-istetoviral-likot-na-tejlor-svift-na-zadnikot-za-kjerka-mu-da-dobie-besplaten-bilet-za-koncert-02.jpg

Лук Портер од Аделаида, Австралија влезе во трката да ја освои титулата „Родител на ерата“, за да успее да освои бесплатен билет за концертот на  Тејлор Свифт и да ѝ ја исполни желбата на неговата 12-годишна ќерка, Џема, која е голем обожавател на пејачката.

Едно радиско шоу во Австралија објавило интересен конкурс со кое ги предизвика родителите на децата да ја докажат својата љубов кон нив, а наградите биле бесплатни билети, сместување и два златни билети за концертот на Тејлор Свифт во Сиднеј.

posveten-tatko-go-istetoviral-likot-na-tejlor-svift-na-zadnikot-za-kjerka-mu-da-dobie-besplaten-bilet-za-koncert-06.jpg

Сопругата на Лук, Рејчел смислила лукав план за тоа како нејзиниот сопруг да успее да ја освои наградата и да ѝ ја исполни желбата на нејзината ќерка да има можност да ја види Тејлор во живо.

posveten-tatko-go-istetoviral-likot-na-tejlor-svift-na-zadnikot-za-kjerka-mu-da-dobie-besplaten-bilet-za-koncert-03_copy.jpg

Така, Лук сега доби тетоважа не само со ликот на Тејлор, туку и со нејзиниот најнов дечко Тревис Келце и влезе во потесниот избор за избор на „родител на ерата“.

„Си помислив дека ќе го номинирам мојот сопруг да направи тетоважа од Тејлор Свифт на задникот. Го прашав додека беше полузаспан и се согласи. Па, еве, сопругот сега ќе добие тетоважа и ова секогаш ќе биде интересна приказна, особено ако Тејлор и Тревис раскинат“ – вели таа во изјава за медиумите.

posveten-tatko-go-istetoviral-likot-na-tejlor-svift-na-zadnikot-za-kjerka-mu-da-dobie-besplaten-bilet-za-koncert-05.jpg

Инаку, Тејлор Свифт важи за една од најпопуларните пејачки во Автралија, па младите со нетрпение ги очекуваат нејзините три концерти што ќе се одржат во Сиднеј во февруари во 2024-та година.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Познати личности од раните 2000-ти кои заборавивме дека постојат Се сеќавате на Тејлор Лотнер кој го глумеше Џејкоб во серијалот Twilight? Се ...
„Сфатив дека никогаш нема да биде присутен на мојата свадба“: Ќерката на Брус Вилис емотивна за него... „Бев на свадба и таткото на невестата држеше говор. Одеднаш сфатив дека никогаш ...
Ким Кардашијан го претвори домот во снежна шума, додека ќерка ѝ моли да живее со Канје (фото) Додека во јавноста се шпекулира дека Ким и Канје можеби ќе ги променат правилата...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg