Познати личности од раните 2000-ти кои заборавивме дека постојат

Се сеќавате на Тејлор Лотнер кој го глумеше Џејкоб во серијалот Twilight?

poznati-lichnosti-od-ranite-2000-ti-koi-zaboravivme-deka-postojat-001.jpg

Само затоа што некој бил светски познат и најголема холивудска ѕвезда, не значи дека ќе ја држи таа титула целиот живот.

Одличен пример за ова се ѕвездите од раните 2000-ти со кои практично пораснавме. Иако голем дел од нив се активни и денес, нивната популарност не се ни споредува со минатото.

Познати личности од раните 2000-ти кои сигурно сте ги заборавиле:

Ешли Симпсон

Додека сестра ѝ Џесика Симпсон уште е мошне популарна, Ешли Симпсон не е присутна во јавноста како во 2000-тите.

39-годишната пејачка ја почна кариерата како придружен вокал на сестра ѝ, а се прослави со песната Pieces of Me која стана светски хит.

Ешли се проба и како актерка во филмот Undiscovered од 2005-та кој доби многу лоши критики.

Пејачката и денес се занимава со музика и е мајка на три деца.

poznati-lichnosti-od-ranite-2000-ti-koi-zaboravivme-deka-postojat-02.jpg

Чед Мајкл Мари

Некогашниот миленик на женската публика глумеше во бројни познати филмови и серии во 2000-тите, вклучувајќи ги Gilmore Girls, Dawson Creek и A Cinderella Story.

Неговата најголема улога беше во тинејџерската серија One Tree Hill, а откако ја напушти, се чини дека се повлече од јавноста.

Оттогаш има добивано помали улоги, а во 2018-та издаде и книга.

Во брак е од 2014 година и има три деца.

poznati-lichnosti-od-ranite-2000-ti-koi-zaboravivme-deka-postojat-03.jpg

Тејлор Момсен

Тејлор Момсен се прослави со улогата во хит серијата Gossip Girl, а беше активна и на музичката сцена, како дел од бендот Pretty Reckless.

Таа работеше и како модел, а низ годините беше придружен вокал на бројни познати музичари.

Последниот музички албум го издаде во 2021-ва, со нејзиниот бенд, и уште се занимава со музика.

poznati-lichnosti-od-ranite-2000-ti-koi-zaboravivme-deka-postojat-04.jpg

Тејлор Лотнер

Од триото од Twilight, изгледа само Тејлор Лотнер не успеа да постигне значителен успех во филмската индустрија.

Додека Роберт Патинсон и Кристен Стјуард се појавија во филмови кои беа номинирани и за Оскар, Тејлор уште добива само помали улоги во релативно непознати филмови.

Тој е во брак од 2022-ра и засега со сопругата немаат деца.

poznati-lichnosti-od-ranite-2000-ti-koi-zaboravivme-deka-postojat-05.jpg

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
Светски ѕвезди кои не веруваат во брак и никогаш не се венчале Опра Винфри, Леонардо ди Каприо, Рајан Гослинг, Ал Пачино и Кајли Миног се само ...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg