Љубовната приказна на Мишел и Барак Обама, низ фотографии

Јавното претставување на двојката започна со политичката кампања во 2007-ма година. Но, приказната на семејството Обама почнува речиси две децении порано, кога Мишел Робинсон добила задача да биде ментор на Барак Обама во адвокатската фирма „Sidley & Austin“ од Чикаго.

ljubovnata-prikazna-na-mishel-i-barak-obama-niz-fotografii-01.jpg

Сега, нивниот прв состанок на кино, за филмот „Do the Right Thing“ од 1989-та година, ќе имаме можност да го погледнеме во киносалите од 26-ти август, заради новиот холивудски биографски филм, „Southside With You“.

По 3 години врска, парот се венчал во 1992-ра година, а благодарение на тоа што е повеќе од една деценија во очите на јавноста, стотици фотографии ја доловуваат врската.

ljubovnata-prikazna-na-mishel-i-barak-obama-niz-fotografii-1_copy.jpg

Таа нежно ја мести неговата вратоврска... Тој ѝ ја позајмува својата јакна кога ѝ е студено... Се држат за раце и си се насмевнуваат...

Стотици фотографии сведочат за нивната голема љубов, а еве дел од нив:


Барак Обама, својата љубов кон Мишел ја искажа и на јавниот проштален говор:

„Мишел, изминативе 25 години, ти не си ми само сопруга и мајка на моите деца, туку и мој најдобар пријател. Презема улога која не ја бараше и ја прифати и одигра со грациозност, храброст, стил и во добро расположение. Од Белата куќа направи простор кој припаѓа на сите. А, новата генерација ќе треба да го подигне својот поглед високо, бидејќи ти границите ги постави високо како пример. Ме направи горд. Ја направи мојата земја горда.“

Погледнете го целиот говор посветен на Мишел:

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Парис Хилтон се пофали дека вторпат стана мајка, 11 месеци откако откри дека со сурогат добила син Една година откако откри дека се бори со неплодност и дека доби син со сурогат, ...
„Не сум совршена, но горда сум со себе“ – Селена Гомез искрена за промените на нејзиното тело, им од... „Нереално е да очекувате телото на нормалната жена да не се промени... Сфатив де...
Бурните тинејџерски години на Меган Фокс - Крадела, добила забрана за влегување во познат супермарке... Како тинејџерка била мошне проблематична, па еднаш била фатена како краде од суп...
Наоми Кемпбел вторпат стана мајка на 53 години - Пред 1 месец се појави во јавност без трудничко сто... Наоми Кемпбел ја изненади јавноста откако сподели дека го добила второто дете. 5...
„Тверка среде улица, се гледа дека е под дејство на алкохол“ – Девојката на Пике „уловена“ во сосема... „Клара Чиа лежи на земја во алкохолизирана состојба, тверка среде улица со друга...
Викторија Бекам со стикер ја крие седата коса на помалата сестра + објави ретки фотки со братот „Сестра ти личи многу на тебе, но старее природно“, пишуваат фановите на Виктори...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg