Не чита книги од 6 години, има трема пред секој настап: Факти за Адел

Доколку мислите дека знаете сѐ во врска со Адел вие сте навистина во голема заблуда. Можеби сте информирани за тоа каков чај пие Британката и со колку лажички шеќер, меѓутоа постојат неколку интересни факти кои се поврзани со Адел, а за кои никогаш досега не сте слушнале.

7-shokantni-fakti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-adel-1_copy.jpg

На пример:

1. Сите ние имаме другари од средно училиште, па така и Адел. Меѓутоа интересент момент е тоа што и нејзината другарка е исто така светски популарна пејачка, а таа е ни помалку ни повеќе Џеси Џеј. Џеси Џеј и Адел оделе во истото средно уметничко училиште и активно се дружеле за време на одморите.

2. Како и поголемиот дел девојки кои се родени крајот на `80-тите и почетокот на `90-тите години, така и Адел била огромен фан на една од најпопуларните поп-групи од `90-тите години, „Spice girls“. За време на вечерните дружби кои ги организирала мајка ѝ во нивниот дом, Адел одржувала „настапи“ пеејќи ги песните на „Spice girls“. Таа особено ја обожувала црвената спајсица, Гери Халивел.

3. Освен што е одлична пејачка Адел знае да свири на пијано и на гитара, а додека растела учела да свири и на кларинет.

4. Едно од малку познатите факти за Адел е тоа што таа има огромна трема пред секој нејзин настап. Работата е до толку сериозна што, Британката многу често има и нагони за повраќање.

5. Дали се сеќавате на „MySpаce“? Адел дефинитивно се сеќава. Во тоа време, додека пејачката сѐ уште била во средно училиште, таа на својата „MySpаce“-страница, објавила неколку свои демо-изведби. Една од тие изведби била и нејзината демо песна „Hometown Glory“.

6. Доколку сте и вие фан на песната „Chasing Pavements“, сигурно ќе ви се допадне и приказната која била инспирација за нејзиното  настанување. Имено, откако Адел дознала дека нејзиното поранешно момче ја изневерувало, таа отишла во барот каде се наоѓало момчето и му удрила бокс. Идејата за песната ја добила додека пешачела сама накај својот дом.

7. Адел престанала да чита книги на 6-годишна возраст, а тоа го направила за целосно да се посвети на својата кариера. Последната книга за која Адел се еќава дека ја прочитала е „Матилда“ од Роалд Дал.

С. У. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...
Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg