Најголемите ривалства меѓу пејачите, на сите времиња

Како што постојат искрени пријателства меѓу славните, така постојат и сериозни ривалства. Многу поп диви, ѕвезди, рапери и раперки и изведувачи едноставно колку и да сакаат, не се согласуваат.

najgolemite-rivalstva-megju-pejacite-na-site-vreminja-01.jpg

Ова се некои од највжештените ривалства меѓу славните:

1. Лејди Гага vs. Мадона

Мадона во неколку наврати има споменато дека Лејди Гага ја копира, посебно со „Alejandro“ и „Born This Way“ (која многумина ја споредија со песната на Мадона, „Express Yourself“).

2. Мараја Кери vs. Џенифер Лопез

Караниците меѓу нив започнаа во раните 2000-ти кога Мараја изјави пред новинарка дека не знае која е Џеј Ло. Во 2015-та за време на настапот на Мараја на Billboard Music Awards, Џеј Ло се концентрираше на нејзиниот мобилен, не настапот, а после тоа, Мараја уште неколкупати изјави дека не знае која е Џеј Ло.

3. Мараја Кери vs. Ники Минаж

Во 2012-та кога Мараја и Ники беа судијки на „American Idol“ повеќе од очигледно беше дека не „се трпат“ една со друга.

4. Кети Пери vs. Тејлор Свифт

Кети и Тејлор вработиле исти танчари, за таа ситуација Тејлор напиша песна, а Кети ја нарече „Реџина Џорџ во овчешко крзно“.

5. Тејлор Свифт vs. Канје Вест

Сè започна кога Канје реши да го прекине говорот на Тејлор.

6. Џастин Бибер vs. Селена Гомез

Нивната приказна започна со младешка љубов која заврши неславно. Нивните расправии започнаа откако Селена беше фотографирана заедно со Орландо Блум и моментот кога Орландо го удри Џастин на Ибица. Во 2016-та Селена  реши да коментира во врска со новата љубов на Џастин, Софија Ричи.

7. Мајли Сајрус vs. Ники Минаж

Мајли реши да се вклучи во расправијата на Тејлор Свифт и Ники Минаж за време на VMA наградите во 2015-та, кога Тејлор изјави дека Ники не ги поддржува другите пејачки. Мајли ја поддржа Тејлор, а Ники реши да се одмазди прашувајќи ја Мајли: „Miley, what’s good?“ на VMA.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

14 славни мајки и ќерки кои се вистинска копија една на друга Каја Гербер е вистинска копија на својата славна мајка Синди Крафорд, а Рис Вите...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Познати личности од раните 2000-ти кои заборавивме дека постојат Се сеќавате на Тејлор Лотнер кој го глумеше Џејкоб во серијалот Twilight? Се ...
Најубавите парови на доделувањето на Греми 2024 (фото) Дејвид Гета и девојката Џесика, Криси Тајген и Џон Леџенд, но и Мајли Сајрус со ...
Сите „одмазднички“ песни на Тејлор Свифт - Кои беа нејзините дечковци и кои песни им ги посвети? Се чини дека од секоја пропадната врска на Тејлор излегува по една позната „одма...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg