Сè за пари: Познати личности кои биле дебело платени за контроверзни реклами

Големите компании отсекогаш имале познати личности како заштитни лица на нивниот бренд. Тие многу добро знаат дека вистинската позната личност може да изрекламира што било и тоа добро да се продава.

se-za-pari-poznati-lichnosti-koi-bile-debelo-plateni-za-kontroverzni-reklami-01.jpg

За возврат, славните се дебело платени, и тоа само за да се појават неколку секунди на реклама. Некои од нив биле толку заслепени од хонорарот, што воопшто не биле загрижени што промовира тој бренд, дали е еколошки освестен и слично.

Погледнете дел од најконтроверзните реклами на славните:

Скарлет Јохансон - SodaStream

По рекламата за газирани пијалаци вредна 35.5 милиони долари, Скарлет влезе во конфликт со Оксфем, хуманитарна организација чиј амбасадор беше познатата актерка. Оксфем ја обвинија Скарлет дека рекламира компанија која има фабрика што работи против правните норми во Израел, а вработените кои доаѓаат од сиромашни семејства не ги плаќа како што треба.

Џорџ Клуни - Nespresso

Долгогодишната соработка на актерот и компанијата за производтсво на машини за кафе вредна 40 милиони долари заврши во 2016-тата, кога компанијата беше обвинета за масовно производство на филтри за кафе кои завршуваат на депонија и со тоа прават еколошка катастрофа.

Џенифер Анистон - Emirates Airlines

Познатата актерка беше платена 5 милиони долари за да рекламира луксузна авио-компанија каде еден билет од Њујорк до Дубаи во прва класа чини 25.000 долари. За гледачите, рекламата ги исмејува оние кои немаат 25.000 долари за да платат билет и се возат во економската класа. Многумина ја обвинија Анистон дека е богаташка која мисли само на пари и затоа прифатила да го рекламира овој бренд.

Боб Дилан - Victoria’s Secret

Сите беа изненадени од изборот на најпознатиот бренд за долна облека да го стави Боб Дилан во нивната рекламна кампања. Коментарите беа дека познатиот музичар изгледа како да им е дедо на моделите, а и нема никаква врска со бренд за долна облека, па очигледно е дека сето ова било од финансиски причини. Точната сума на хонорарот не е позната.

Ума Турман - Schweppes

Бизарната реклама за газираниот пијалак Швепс беше прогласена за една од најлошите реклами на Европски бренд. Во рекламата, актерката заведува еден Француски новинар додека дискутираат за Швепс. Рекламата е недоволно разработена од маркетиншки аспект, а и Турман не се снаоѓа добро во улогата.

Кендал Џенер - Pepsi

Се чини дека семејствата Кардашијан и Џенер секаде каде што ќе се појават предизвикуваат лавина од негативни реакции. Па така, целта на рекламата на Пепси каде се појавува Кендал Џенер е тотално промашена. Од компанијата изјавија дека сакале да пренесат порака на мир и заедништво, но многумина сметаа дека протест за правата на црнците и не е толку добар избор за реклама за Пепси. Лошо потрошени 40 милиони долари.

https://www.youtube.com/watch?v=73P9STckPLw

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Познати актерки кои се родени во иста година, но не изгледаат така (фото) Дали ви изгледа дека Моника Белучи и Мариса Томеи се на иста возраст? Дали ви...
Познати личности кои имаат повеќе хејтери, отколку фанови Веројатно очекувате на листата да се најде Амбер Херд. Но, кои се другите познат...
Кајли Џенер се бакнува со Тимоти Шаламе на концерт – таинствениот пар ја потврди врската по 4 месеци... Првите гласини за врската на Кајли Џенер и актерот Тимоти Шаламе се појавија ушт...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
Познати личности од раните 2000-ти кои заборавивме дека постојат Се сеќавате на Тејлор Лотнер кој го глумеше Џејкоб во серијалот Twilight? Се ...
Кои познати личности имаат браќа и сестри близнаци (и како изгледаат тие)? Вин Дизел, Ештон Кучер, Скарлет Јохансон... Кои познати личности имаат браќа и с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg