Сите луѓе се третираат исто: Како е да се биде гостин на кралска свадба?

Најголемата мана на кралските свадби е што протоколот мора да се следи, а парот е ограничен во давањето свој печат. Денот е сечиј, а не само нивен!

gostin-otkriva-kako-bilo-da-se-prisustvuva-na-epskata-svadba-na-kejt-midlton-i-princot-vilijam-001.jpg

Многумина од нас ја следеа кралската свадба на принцот Вилијам и Кејт Мидлтон на интернет во април 2011 година.

Војвотката од Кембриџ носеше прекрасна венчаница од Александар МекКвин, а атмосферата беше магична.

Но Данкан Лакомб има поинакви спомени од тој ден, затоа што тој бил на местото на настанот.

Како поранешен уредник на магазинот „The Sun“ и неофицијален биoграф на принцот Хари, тој бил еден од шесте новинари поканети на свадбата во Вестминстер Аби.

Поради гласините за уште една можна кралска свадба и тоа помеѓу принцот Хари и актерката Меган Маркл, Лакомб проговори за обичаите на кралските свадби.

Не е како обична свадбена прослава

„Тоа е навистина чудно искуство, како да седиш во Мадам Тисо, но со подвижни восочни фигури“, вели Лакомб.

„Тоа беше едно од најневеројатните искуства во мојот живот. Кога си таму знаеш дека пред твоите очи се случува историја. Не е како на ниту една друга свадба. Не постои место на кое под еден покрив ќе видите толку многу познати луѓе и аристократи.“

gostin-otkriva-kako-bilo-da-se-prisustvuva-na-epskata-svadba-na-kejt-midlton-i-princot-vilijam-04.jpg

И аристократите имаат трема

„Пред да пристигне Кејт, Вилијам појде во соба со Хари. Седевме блиску кога минаа крај нас и Вилијам изгледаше апсолутно преплашен. Потоа излезе и зема длабок здив.“

gostin-otkriva-kako-bilo-da-se-prisustvuva-na-epskata-svadba-na-kejt-midlton-i-princot-vilijam-01.jpg

Има голема тајност

„Две, три седмици пред свадбата ни кажаа дека сме поканети, но ни нагласија да не кажуваме никому. Тие сакаа другите новинари да не знаат апсолутно ништо.“

Невестата може да замолкне 1.000 луѓе

„Целата сала замолкна кога Кејт влезе. Преку 1.000 луѓе седеа во апсолутна тишина. Помоќен дочек на невеста од тоа тешко дека постои.“

Планот за седење бара голем напор

„Во Вестминстер Аби имаше кралски протокол за седење. Сите домашни политичари седеа во еден дел, сите политичари од странство во друг, членовите на кралското семејство седеа заедно итн.“

gostin-otkriva-kako-bilo-da-se-prisustvuva-na-epskata-svadba-na-kejt-midlton-i-princot-vilijam-02.jpg

Познатите и непознатите луѓе се третирани исто

„Една работа што не можеш на кралска венчавка е да стигнеш по кралицата. Таа секогаш пристигнува последна, по невестата. Без разлика дали сте министер, холивудска ѕвезда или обичен граѓанин, мора да пристигнете порано.“

Има малку повеќе чекање

„Чекањето на Кејт изгледаше како вечност. Ние стигнавме порано, па чекавме два часа, а другите гости чекаа околу еден час.“

gostin-otkriva-kako-bilo-da-se-prisustvuva-na-epskata-svadba-na-kejt-midlton-i-princot-vilijam-03.jpg

Формалноста и традициите се насекаде

„Кејт и Вилијам имаа огромна листа на гости од британската аристократија и странство за да се избегнат какви било дипломатски проблеми со луѓе што се изоставени. Во однос на нивни вистински пријатели, тие најверојатно имаа само неколку стотици меѓу тие 1.000 присутни.“

Дискутабилно е колку денот е за двојката

„Вилијам и Кејт изгледаа многу среќно. Се гледаше дека го следеле протоколот, но ставиле свој печат на сè што можело да се стави. Тој ден не беше нивен, туку беше сечиј, сепак се забележуваше нивниот труд да вметнат нешто свое.“

gostin-otkriva-kako-bilo-da-se-prisustvuva-na-epskata-svadba-na-kejt-midlton-i-princot-vilijam-05.jpg

Секоја кралска свадба е поинаква

„Сигурен сум дека кралската свадба на Хари ќе биде поинаква од таа на Вилијам. Вилијам е наследник на тронот, па тоа беше голем настан за целиот свет. Хари ќе стори сè што може за да го избегне тоа. Вилијам не беше во можност да го стори тоа.“

„Навистина ме интересира што ќе одбере Хари. Мислам дека ќе мора да го направи компромисот прославата да оди на телевизија. Се надевам дека ќе бидам поканет и на таа кралска свадба“, заврши Лакомб.

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Принцот Хари конечно насмеан на настан покрај Меган Маркл, по гласините за проблеми во бракот (фото) По гласините за „проблеми во рајот“, како и намуртеното издание на Хари покрај М...
Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg