10 славни парови кои морале да продолжат да работат заедно и по раскинувањето

Нина Добрев и Ијан Сомерхалдер

Омилените вампири од популарната „The Vampire Diaries“ официјално потврдија дека се во љубовна врска и надвор од филмското платно на Денот на вљубените во 2011 година.

2 години подоцна, во мај 2013 години парот потврди дека не е повеќе заедно.

Можеби нивната вистинска љубовна врска не успеа, но онаа фиктивната процвета, бидејќи токму тогаш го видовме вљубувањето на Демијан и Елена.

10-slavni-parovi-koi-morale-da-prodolzat-da-rabotat-zaedno-i-po-raskinuvanjeto (9).jpg

Дру Баримор и Џастин Лонг

За време на снимањето на филмот „He’s Just Not That Into You“ летале искри помеѓу двајцата актери. Романсата која доживеа неколку раскинувања и смирувања, конечно го доживеа својот крај по една година, бидејќи Џастин не го одобрувал прилично бурниот начин на живот кој го водела Дру.

Сепак, двајцата повторно соработуваа професионално додека го снимаа филмот „Going the Distance“ следната година по раскинувањето.

10-slavni-parovi-koi-morale-da-prodolzat-da-rabotat-zaedno-i-po-raskinuvanjeto (6).jpg

Кортни Кокс и Дејвид Аркет

Парот се запозна за време на снимањето на првиот дел од популарната хорор франшиза „Scream“ во 1995 година. Се венчаа во јуни, 1999 година, а 5 години подоцна ја добија ќерката Коко.

Крајот на врската се поклопи со снимањето на последниот четврти дел од сагата во 2011 година, иако тие ја најавија разделбата една година порано. Веројатно воопшто не било лесно да се снима со партнерот со кој веќе си разделен и ги очекуваш документите за развод.

10-slavni-parovi-koi-morale-da-prodolzat-da-rabotat-zaedno-i-po-raskinuvanjeto (4).jpg

Бен Афлек и Гвинет Полтроу

Откако Гвинет ја раскина свршувачката со Бред Пит, ја доби улогата која ѝ донесе огромна популарност во филмот „Shakespeare in Love“, а за време на снимањето се вљуби во колегата Бен Афлек.

Во 1999 година парот раскина, но Палтроу го убеди Бен да работат повторно заедно на нејзиниот следен проект, филмот „Bounce“.

И покрај разделбата, парот повторно ги оживеа старите емоции, пред конечно да стават крај на врската во октомври, 2000 година.

10-slavni-parovi-koi-morale-da-prodolzat-da-rabotat-zaedno-i-po-raskinuvanjeto (2).jpg

Адам Броди и Рејчел Билсон

Актерите ја започнаа својата врска за време на снимањето на ТВ серијата „The O. C“ која траеше четири години од 2003 до 2007 година, а според изворите врската траела скоро исто толку.

Сепак, со приближувањето на крајот на снимањето се чини дека дошол и крајот на љубовта, иако младите ѕвезди останале професионални за време на снимањето и пријателски настроени надвор од фокусот на камерата.

10-slavni-parovi-koi-morale-da-prodolzat-da-rabotat-zaedno-i-po-raskinuvanjeto (1).jpg

(O)Милена | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Бен Афлек насмеан покрај бившата сопруга, Бред Пит напорно работи: Фото докази дека и ѕвездите се „о... Бен Афлек стана препознатлив по неговиот „мизерен“ изглед пред папараците, но ов...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Каде се денес актерите од серијата „The Sopranos“ - Тони Сопрано почина, ќерка му боледува од мултип... Американската серија The Sopranos првпат почна да се прикажува на 10 јануари 199...
„Имав мозочен удар, не сум била на љубовен состанок 6 години“: Ретко појавување на Сузан Бојл од Bri... „Прекрасно е чувството што сум повторно овде. За мене е навистина посебно, бидеј...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg