Што јаде Меланија Трамп за да изгледа толку младолико?


Што јаде Меланија Трамп за да изгледа толку младолико?

Како бивша манекенка и една од најинтригантите први дами на САД кои некогаш стапнале во Белата куќа, не е ни чудо што сите се интересираат за нејзината исхрана и начинот на кој го одржува телото витко и младолико.

shto-jade-melania-trump-za-da-izgleda-tolku-mladoliko-01.jpg

Во неколку досегашни интервјуа има откриено неколку здрави навики кои секој може и би требало да ги почитува.

Секој ден го започнува со ист појадок

Иако нејзиниот распоред е набиен, Меланија секое утро ја задржува истата навика – појадува овесна каша, која е одличен извор на влакна, и смути направено од овошје и зеленчук.

Секој ден јаде 7 овошки

За телото да остане здраво, а кожата сјајна, Меланија секој ден се обидува да касне најмалку 7 различни овошја.

Не си забранува ништо

„Немам вообичаено благо кое секогаш го јадам. Ако ми се јаде благо, би избрала овошје или малку чоколадо, затоа што очигледно тоа му треба на моето тело,“ изјави Меланија.

Првата дама призна дека обожава и сладолед, секако, додека неговото консумирање е во склад со здравата исхрана.

shto-jade-melania-trump-za-da-izgleda-tolku-mladoliko-02.jpg

Не држи строги диети

На Меланија ѝ е важно да внесува многу вода во текот на денот и никогаш не сака да консумира мрсна и калорична храна.

Откако го родила синот и се ослободила од вишокот труднички килограми, признава дека здравата исхрана и пилатесот 2-3 пати во неделата се нејзината дефиниција за здрав живот.

Омиленото јадење на Меланија

„Омилено ми е пилешкото месо во пармезан, а од пијалак диетална Coca-Cola од класичното, стаклено шишенце,“ има изјавено Меланија.

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Славни дами кои не јадат месо Вегетаријанството стана многу популарен начин на живот во последно време и се чи...
Ќерката на Синди Крафорд секси и разголена за 16-ти роденден (фото) Каја Гербер, ќерката на Синди Крафорд, наполни само 16 години, а веќе изгледа пр...
Меланија Трамп со синот Барон ја пречекаа новогодишната елка за Белата... Меланија Трамп ја продолжи традицијата и како прва дама, заедно со синот Барон, ...