4 ѕвезди кои одбиваат да им помогнат на своите сиромашни браќа и сестри


4 ѕвезди кои одбиваат да им помогнат на своите сиромашни браќа и сестри

Работата во будното око на јавноста си има свои предности, но и маани. Една од поголемите маани е дефинитивно што ниту еден семеен проблем или тајна не може да остане во рамките на семејството.

4-dzvezdi-koi-odbivaat-da-im-pomognat-na-svoite-siromashni-brakja-i-sestri-001.jpg

Па така, шпекулациите за скржавата страна на богатите ѕвезди многу лесно излегуваат на виделина.

Овие богати ѕвезди ги бие глас дека не им помагаат на своите посиромашни браќа и сестри:

Хали Бери – нема контакт со својата сестра, со која тврди дека заедно биле израснати од насилниот татко кој воедно бил алкохоличар. Нејзината сестра пак, не ја потврдува оваа приказна, туку напротив, го штити својот татко. Оттогаш не се во контакт.

4-dzvezdi-koi-odbivaat-da-im-pomognat-na-svoite-siromashni-brakja-i-sestri-01.jpg

Мадона – има сиромашен брат кој е речиси бездомник, но заради тоа што подлегнал под дејство на дрога и алкохол, и неколкупати бил во затвор, Мадона со своите милијарди одбива да му помогне.

4-dzvezdi-koi-odbivaat-da-im-pomognat-na-svoite-siromashni-brakja-i-sestri-02.jpg

Џулија Робертс – нејзината полу сестра со години се борела со зависност од дрога, но Џулија никогаш не ѝ помогнала. Неколку години подоцна извршила самоубиство, а најблиските ја префрлиле вината на апатијата на Џулија.

4-dzvezdi-koi-odbivaat-da-im-pomognat-na-svoite-siromashni-brakja-i-sestri-03.jpg

Мараја Кери – има империја вредна стотици милиони, но одбива да ѝ помогне на својата сестра Алисон, со која е оддалечена од 1990-тите. Мараја одбива било каков контакт заради тоа што сестра ѝ е поврзувана со дрога, алкохол и заработува продавајќи си го телото.

4-dzvezdi-koi-odbivaat-da-im-pomognat-na-svoite-siromashni-brakja-i-sestri-04.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Бил Гејтс јаде бургери, а Барак Обама лосос: Што ручаат познатите? Сигурно и вие како и сите останати, некогаш сте помислиле дека славните и богати...
Што прави Шакира за да изгледа толку добро на 40 години? Се чини дека славната пејачка од Колумбија, Шакира, го пронашла еликсирот на мла...
Што правеле најуспешните жени кога имале само 20 години? Никој од нас не може уште на почетокот на својот живот да знае која е неговата ц...