Џон Кортахарена - сексапилниот Шпанец, чија разголена фотографија стана вирален хит (фото)

Тој е еден од најубавите мажи на светот и еден од најдобро платените машки модели.

jon-kortaharena-seksapilniot-shpanec-chija-razgolena-fotografija-stana-viralen-hit-001.jpg

Пред неколку дена разголена фотографија на еден модел направена под туш стана вирален хит. На фотографијата на Инстаграм тој има 196.000 лајкови и преку 7.000 коментари.

Станува збор за 32-годишниот шпански модел и актер Џон Кортахарена. Тој е добро познато лице во модниот свет, со низа насловни страници, рекламни кампањи и ревии зад себе, а неретко е прогласуван и за најубав маж на светот.

View this post on Instagram

A post shared by Jon Kortajarena (@jonkortajarena)

Откако дебитираше на пистите во 2004 година, неговите ангажмани за најпознатите модни куќи како Армани, Версаче, Том Форд, Зара и низа други не сопираат. Џон често влегува на листите на топ 10 најуспешни модели на светот.

Неговите договори се милионски, а тој често е во друштво на холивудските ѕвезди. Неодамна беше прогласен за маж на годината од страна на магазинот за мажи „GQ Australia“.

Одличниот стил на Кортахарена е уште една причина зошто толку луѓе ширум светот го обожаваат.

На неговиот Инстаграм профил има 1.5 милиони следбеници:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џон Сина (46) сака живот без деца: „Уживам и енергијата ја трошам на тоа да бидам најдобар сопруг“ „Навистина уживам во мојот живот. Благословен сум да правам и да видам работи, к...
14 најубави парови кои издоминираа на Оскари 2024 и забавата по доделувањето (фото) Марго Роби во тоалета како песочен часовник, со природна фризура и шминка позира...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...
Најубавите парови на доделувањето на Греми 2024 (фото) Дејвид Гета и девојката Џесика, Криси Тајген и Џон Леџенд, но и Мајли Сајрус со ...
Аријана Гранде како замотана во јорган – Најдобро и најлошо облечени ѕвезди на Оскари 2024 (фото) Марго Роби ги замени розовите „Барби“ тоалети за црн провокативен фустан, а Ариј...
Со првиот сопруг се омажила на 16 години, мајка ѝ го поништила бракот – Бурното љубовно минато на Ми... Гневна затоа што мајка ѝ не ја третирала како возрасна личност, Мила се омажила ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg