По борбата со хероинот, ѕвездата на „Сам дома“ изгледа здраво и вљубено во Париз (фото)


По борбата со хероинот, ѕвездата на „Сам дома“ изгледа здраво и вљубено во Париз (фото)

Љубовта му дава сила на Меколки Калкин да се избори со зависноста од хероин.

po-borbata-so-heroinot-dzvezdata-na-sam-doma-izgleda-zdravo-i-vljubeno-vo-pariz-foto-01.jpg

Во иконскиот филм „Сам дома“ тој беше оставен сам во Америка, кога неговите родители отпатуваа во Париз за Божиќ.

Детето ѕвезда од овој филм, Меколки Калкин, денес има 37 години и многу животни битки со дрогата зад себе.

po-borbata-so-heroinot-dzvezdata-na-sam-doma-izgleda-zdravo-i-vljubeno-vo-pariz-foto-02.jpg

Сепак работите почнаа да одат по нагорна линија за него откако е во врска со актерката позната по филмот „The Social Network“ Бренда Сонг (29). Тие се четири месеци заедно, а периодов минуваат незаборавни мигови во градот на љубовта Париз.

Во шик изданија парот, вљубен и фатен за рака, се шеташе по улиците на француската метропола.

Многумина во изминатите години беа загрижени за здравјето на Меколи, но сега тој изгледа подобро со некој килограм плус на себе.

po-borbata-so-heroinot-dzvezdata-na-sam-doma-izgleda-zdravo-i-vljubeno-vo-pariz-foto-03.jpg

Очигледно успеал да се справи со зависноста од хероин, со која го достигна дното во 2012 година.

Калкин и Сонг блескаат од љубов:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Што прави Шакира за да изгледа толку добро на 40 години? Се чини дека славната пејачка од Колумбија, Шакира, го пронашла еликсирот на мла...
30 актерки под 30 години кои ја освоија 2016-та година Кој вели дека искуството доаѓа со годините? Овие 30 млади дами се одличен доказ ...
15 ѕвезди кои биле модели пред да станат познати актерки Деми Мур, Камерон Дијаз, Шарлиз Терон и многу други славни личности ги знаеме ка...