Ѕвезди кои се доказ дека можете да изгледате стилски и по 40-тата

Без разлика на која возраст се, жените секогаш сакаат да изгледаат средено и стилски.

dzvezdi-koi-se-dokaz-deka-mozhete-da-izgledate-stilski-i-po-40-tata-01.jpg

Сепак, понекогаш е навистина тешко кога годините изминуваат, да успеете да изгледате 10-15 години помладо.

Но, ѕвездите секогаш успешно го прават тоа и изгледаат прекрасно дури и по 40-тата година.

Па, еве неколку трикови од модерните жени и што прават тие за да изгледаат стилски на секоја возраст:

Кејт Мос, 43 години

Таа е позната по нејзиниот спортски-шик изглед, а во нејзините комбинации, таа секогаш вметнува елементи на војничко, панк, рок, бохо и хипи стил.

Кејт е доказ дека може да изгледате кул и спектакуларно истовремено, дури и во фармерки, маички и кожни јакни и панталони.

dzvezdi-koi-se-dokaz-deka-mozhete-da-izgledate-stilski-i-po-40-tata-02.jpg

Синди Крафорд, 51 година

Основата на нејзината вечерна гардероба се фустаните, штикли и чантички во облик на кутија. Таа секогаш ги истакнува долгите нозе, а во секојдневието преферира фармерки кои ги комбинира со обични маички и палта.

dzvezdi-koi-se-dokaz-deka-mozhete-da-izgledate-stilski-i-po-40-tata-03.jpg

Ана Винтур, 68 години

Карактеристични за нејзиниот стил се големите очила со геометриска форма, а речиси е невозможно да ја видите во панталони. Нејзиниот избор на фустани и здолништа се сведува на миди и макси должина, а таа умешно ги комбинира различните принтови на парчињата кои ги носи истовремено.

dzvezdi-koi-se-dokaz-deka-mozhete-da-izgledate-stilski-i-po-40-tata-04.jpg

Викторија Бекам, 43 години

Таа секогаш е во чекор со модата и ги следи жешките трендови – машки одела, палта со акцент на рамената и колоритни комбинации, како и штикли и впечатливи очила.

dzvezdi-koi-se-dokaz-deka-mozhete-da-izgledate-stilski-i-po-40-tata-05.jpg

Гвен Стефани, 48 години

Русата коса и усните нашминкани со светла боја е главната карактеристика на пејачката, а е вистински пример дека и над 45 можете да изгледате свежо, стилски и модерно, посебно во спортски стил.

dzvezdi-koi-se-dokaz-deka-mozhete-da-izgledate-stilski-i-po-40-tata-063.jpg

Џенифер Анистон, 48 години

Таа е доказ дека добро негуваната кожа, дискретната шминка и совршената фризура комбинирано со добар стил се клучни компоненти за модерен изглед. Изборот на облека се сведува на едноставни, како и елегантни комбинации, во зависност од пригодата.

dzvezdi-koi-se-dokaz-deka-mozhete-da-izgledate-stilski-i-po-40-tata-07.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

10 модни трикови како Салма Хајек изгледа спектакуларно и на 56 години Секогаш внимава на пропорциите на телото при изборот на облека, односно го нагла...
Некогаш и сега: Како изгледаат денес нашите омилени тинејџерски ѕвезди? Џаред Лето, Менди Мур, Зек Ефрон... Знаете ли како изгледаат денес ѕвездите во к...
Брчки, подочници: Лицата на познатите жени во крупен кадар, без Фотошоп Како секоја жена на нејзината возраст, и Викторија Бекам има брчки на лицето, ос...
Фризурите на ѕвездите на црвениот тепих vs. кога се средуваат сами Џенифер Анистон е кралица на фризурите во Холивуд. Но, дури и ѕвездата на „Прија...
Новак Ѓоковиќ страсно ја бакнува сопругата, Џастин Бибер се шета по влечки – Фото-докази дека и ѕвез... Бен Афлек за првпат е уловен како се смее со ќерка му Серафина, додека носи 5 пи...
Познати актерки кои се родени во иста година, но не изгледаат така (фото) Дали ви изгледа дека Моника Белучи и Мариса Томеи се на иста возраст? Дали ви...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg