Се состанувал со сестра ѝ, ужасно ја запросил: Љубовната приказна на принцот Чарлс и Дијана (фото)

Тие стапиле во брак по само 12 состаноци, кога Чарлс сè уште тагувал по тогашната поранешна девојка Камила Паркер.

brak-po-12-sostanoci-uzasno-zaprosuvanje-ljubovnata-prikazna-na-princot-charls-i-dijana-01.jpg

Принцот Чарлс и принцезата Дијана можеби изгледаа како совршена двојка однадвор, но работите беа многу поинакви под површината. Уште самите почетоци на нивната љубов може да се наречат „чудни“.

Дијана и Чарлс се запознале кога Чарлс се состанувал со постарата сестра на Дијана (Lady Sarah McCorquodale).

Иако, тогаш тие не покажале интерес еден кон друг, работите се смениле набргу и Чарлс почнал да ѝ се додворува на Дијана во летото 1980. Тогаш тој веќе имал раскинато со нејзината сестра.

Потоа случајно се сретнале на поло натпревар, станале поблиски и оттогаш започнало сè.

Но, нивната врска никогаш не била совршена затоа што Чарлс се уште контактирал со неговата поранешна девојка Камила Паркер, кој денес му е сопруга.

brak-po-12-sostanoci-uzasno-zaprosuvanje-ljubovnata-prikazna-na-princot-charls-i-dijana-03.jpeg

Гласините се дека Чарлс и Камила сакале да се венчаат, кога таткото на Камила се вмешал и ја натерал да се омажи за друг. Предаден и со скршено срце, Чарлс одлучил да остане со Дијана.

Во тој период тој имал 31 година и кралското семејство му вршело притисок да се ожени. Тогаш тој одлучил дека со текот на времето може да ја засака 19-годишната Дијана и по само 12 состаноци ја запросил.

Начинот на кој тој одлучил да го стори ова кажува многу за нивната врска. Во едно интервју принцезата Дијана откри на каков неромантичен начин Чарлс ѝ го поставил големото прашање:

„Тој ми кажа „Ќе се омажиш ли за мене?“, јас на смеа му кажав „Да, важи“, мислев дека е шега, но тој беше смртно сериозен. Ми се обрати: „Сфаќаш ли дека еден ден ќе бидеш кралица“. Јас си помислив „Нема да бидам кралица, но ќе имам тешка улога.“ „Да му кажав, те сакам многу, те сакам многу“. Тој ми одговори „Што и да значи љубовта...“ и истрча горе за да ѝ каже на мајка му.“

Наскоро потоа ја објавија свршувачката, а светот беше пресреќен за нив. Но, во првото интервју на прашањето „Дали се вљубени“, Дијана одговори „Да, се разбира“, а Чарлс „Што и да значи тоа „вљубени“. По таа изјава многу луѓе веднаш започнаа да се сомневаат во искреноста на нивната врска.

Веднаш по свршувачката Чарлс заминал на пат сам шест седмици, а 19-годишната Дијана морала сама да се справува со медиумското внимание.

brak-po-12-sostanoci-uzasno-zaprosuvanje-ljubovnata-prikazna-na-princot-charls-i-dijana-02.jpg

До крајот на 1992 година беше јасно дека 11-годишниот брак на Чарлс и Дијана е катастрофа и тие повеќе не можеа ниту да глумат.

Во 1995 година кралицата им испратила писма каде им наредува да се разведат, а на 28-ми август 1996 година и официјално се разведоа.

Дел од нивните заеднички фотки:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Го оставила за да ги оствари соништата – Кој е бившиот дечко на Џорџина Родригез, со кого била во вр... „Кога завршувавме со часови одевме во паркот и сонувавме. Зборувавме дека еден д...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
Со првата се ожени затоа што мораше, а со втората затоа што ја сака: Кои се двете сопруги на Мајкл Џ... Со првата сопруга се оженил набрзина во Лас Вегас, откако таа останала бремена и...
Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg