Со првата се ожени затоа што мораше, а со втората затоа што ја сака: Кои се двете сопруги на Мајкл Џордан?

Со првата сопруга се оженил набрзина во Лас Вегас, откако таа останала бремена и го барала преку адвокати, а со втората приреди луксузна свадба вредна 10 милиони долари. Разводот со првата сопруга го плати скапо, но затоа со втората ја научи лекцијата. Кои се двете сопруги на Мајкл Џордан?

so-prvata-se-ozheni-zatoa-shto-morashe-a-so-vtorata-zatoa-shto-ja-saka-koi-se-dvete-soprugi-na-majkl-djordan-01.jpg

Кошаркарската легенда Мајкл Џордан (60) бил во брак двапати. Со првата сопруга Хуанита Ваној (64) беше во брак од 1989-та година, а се разведе во 2006-та година и ѝ плати вртоглави 168 милиони долари, а набрзо потоа ја запозна својата втора сопруга Ивет Прието (44), со која е неразделен.

Во продолжение неколку интересни факти за двете сопруги на Мајкл Џордан:

Од првиот брак со Хуанита, Мајкл има три деца: Џефри (34), Маркус (32) и Џесмин (30), а нивниот брак никогаш не беше совршен.

so-prvata-se-ozheni-zatoa-shto-morashe-a-so-vtorata-zatoa-shto-ja-saka-koi-se-dvete-soprugi-na-majkl-djordan-02.jpg

Пред да го запознае Мајкл, Хуанита работела како модел и како банкар. Тие се запознале во ресторан кога кошаркарот имал само 25 години и две години биле во врска, а во 1987-ма година Мајкл ја побарал за сопруга, но набрзо потоа се разделиле.

so-prvata-se-ozheni-zatoa-shto-morashe-a-so-vtorata-zatoa-shto-ja-saka-koi-se-dvete-soprugi-na-majkl-djordan-03.jpg

Набрзо по раскинувањето на свршувачката Хуанита дознала дека е бремена со првото дете, па преку адвокат барала кошаркарот да преземе одговорност за неа и за детето.

so-prvata-se-ozheni-zatoa-shto-morashe-a-so-vtorata-zatoa-shto-ja-saka-koi-se-dvete-soprugi-na-majkl-djordan-04.jpg

Во 1989-та година, Мајкл и Хуанита стапиле во брак во Лас Вегас, а низ годините во таблоидите честопати имаше написи дека кошаркарот ја изневерува сопругата со голем број девојки.

so-prvata-se-ozheni-zatoa-shto-morashe-a-so-vtorata-zatoa-shto-ja-saka-koi-se-dvete-soprugi-na-majkl-djordan-05.jpg

Тој и Хуанита првпат најавија дека се разведуваат во 2002-ра година, но набрзо потоа се смирија. Ова траеше сѐ до 2006-та година, кога пензионираната НБА ѕвезда го плати најскапиот развод во тоа време и ѝ плати на поранешната сопруга вртоглави 168 милиони долари, потроши околу 2 милиони долари за легални трошоци и ѝ остави луксузна палата.

so-prvata-se-ozheni-zatoa-shto-morashe-a-so-vtorata-zatoa-shto-ja-saka-koi-se-dvete-soprugi-na-majkl-djordan-06.jpg

Набрзо по разводот со Хуанита, Мајкл ја запозна својата втора сопруга со која е неразделен. Ивет е 15 години помлада од кошаркарската легенда, таа е модел со потекло од Куба, која пред да го запознае својот славен сопруг позирала за Alexander Wang.

so-prvata-se-ozheni-zatoa-shto-morashe-a-so-vtorata-zatoa-shto-ja-saka-koi-se-dvete-soprugi-na-majkl-djordan-07.jpg

Таа e родена во Куба во 1979-та година и живеела во малото гратче Кендал во близина на Мајами, а завршила факултет за бизнис менаџмент и работела кратко за компанијата на татко ѝ пред да одлучи да работи како модел.



Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
„Имав мозочен удар, не сум била на љубовен состанок 6 години“: Ретко појавување на Сузан Бојл од Bri... „Прекрасно е чувството што сум повторно овде. За мене е навистина посебно, бидеј...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...
Го оставила за да ги оствари соништата – Кој е бившиот дечко на Џорџина Родригез, со кого била во вр... „Кога завршувавме со часови одевме во паркот и сонувавме. Зборувавме дека еден д...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg