Лиам Пејн и Рита Ора го изведоа секси дуетот од „Fifty shades freed“ на BRIT Awards ‘18

Во екот на лудилото за Fifty shades freed“ изведбата на песната од филмот на BRIT Awards ’18 беше вистински погодок.

liam-pejn-i-rita-ora-go-izvedoa-seksi-duetot-od-fifty-shades-freed-na-brit-awards-18-01.jpg

Лиам Пејн (24), ѕвездата од One Direction, и пејачката Шерил Кол (34) ги негираа гласините за нивната разделба кога се појавија заедно на BRIT Awards. Двајцата блескаа на црвениот тепих, но Лиам ги освои срцата на понежниот пол со изведбата на секси дуетот „For you“ од филмот „Fifty shades freed“ со Рита Ора (27).

При настапот на Лиам и Рита, на сцената во лондонската O2 Арена не видовме некоја посебна сексуална тензија и жешки потези, туку пристојна дистанца помеѓу нив, иако домаќинот на настанот Џек Вајтхол се пошегува на нивна сметка.

Рита се појави во минималистички бел аутфит и ја покажа извајаната фигура. Лиам се одлучи за елегантен црн костим на кој имаше мала бела роза во знак на поддршка на движењето „Time’s Up“.

Рита, која ја доби наградата за најдобар женски соло артист, потоа на сцената ја видовме во бели тренерки.

Претходно Лиам со друго палто беше фотографиран на црвениот тепих со својата партнерка Шерил, со која го имаат 11-месечното синче Беар. Шерил се одлучи за црн кус фустан и во раката држеше бела роза во духот на „Time’s Up“.

Нивното појавување на BRIT Awards 2018:

С. С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Живееле како цимери, а таа била тајно вљубена во него – Кој е сопругот на Марго Роби, со кого заедно... Биле бизнис партнери кои заедно отвориле своја продукциска куќа, а 9 години подо...
Тој сакал да ја претвори во домаќинка, таа за инает прифаќала улоги – Зошто се развеле Брус Вилис и ... „Не знам каде згрешив во бракот!“ - наводно ова бил одговорот на Брус Вилис што ...
14 најубави парови кои издоминираа на Оскари 2024 и забавата по доделувањето (фото) Марго Роби во тоалета како песочен часовник, со природна фризура и шминка позира...
„Се плаши дека нема да ја дочекам нејзината свадба“ – Мајкл Даглас за ќерката Карис, која блесна во... „Ќерка ми ми вели дека се плаши дека нема да бидам тука кога ќе се омажи, а мене...
Повторно гола: Рита Ора ги покажа градите на ревија во Париз и ги разочара фановите (18+) „Не ја разбирам потребата да парадираш во вакво издание, зошто мора да го го пок...
Машин Ган Кели како Ума Турман, а Меган Фокс со крв на лицето - Ѕвездите со спектакуларни маски по п... Парис Хилтон ѝ даде поддршка на другарката Бритни Спирс, па се облече во костимо...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg