Кои имиња имаат најголеми шанси да бидат искористени за третото дете на Кејт и Вилијам?

Во април 2018-та, принцот Џорџ и принцезата Шарлот ќе добијат придружба.

koi-iminja-imaat-najgolemi-shansi-da-bidat-iskoristeni-za-tretoto-dete-na-kejt-i-vilijam-01.jpg

Но, кралското семејство како и секогаш е таинствено до последниот момент, па затоа можеме само да погодуваме какво име ќе добие третото дете во кралското семејство.

По долги анализи, дојдено е до следнава листа на имиња кои имаат најголеми шанси:

Ако е девојче:

Алис – по ќерката на кралицата Викторија и принцот Алберт.

Мери – по кралицата Елизабета II, чие целосно име е Елизабета Александра Мери.

Викторија – по кралицата Викторија.

Александра – по средното име на кралицата Елизабета.

Дијана – по принцезата Дијана.

Елизабета – во чест на кралицата Елизабета, ова име беше во топ 3 имињата и за принцезата Шарлот, но остана неискористено.

Френсис – по средното име на принцезата Дијана (Дијана Френсис Спенсер)

Ако е момче:

Алберт – по сопругот на кралицата Викторија, принцот Алберт.

Артур – по Вилијам и Чарлс, кои имаат Артур во нивните целосни имиња.

Фредерик – ова име произлезе од кладилниците кои типуваат дека е третото име по ред со најголеми шанси.

Хенри – по вујкото, принцот Хари, чие целосно име гласи Хенри Чарлс Алберт Давид.

Џејмс – по многу кралеви низ историјата кои го носеле името.

Филип – по прадедото, принцот Филип. Вилијам исто така има Филип во неговото целосно име (Вилијам Артур Филип Луис).

koi-iminja-imaat-najgolemi-shansi-da-bidat-iskoristeni-za-tretoto-dete-na-kejt-i-vilijam-02.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Принцот Хари конечно насмеан на настан покрај Меган Маркл, по гласините за проблеми во бракот (фото) По гласините за „проблеми во рајот“, како и намуртеното издание на Хари покрај М...
Спијат голи, имале посебна соба за секс: Работи кои Дејвид и Викторија Бекам ги открија за нивниот с... „Секоја вечер си легнувам со Дејвид, па, мислам дека би било погрешно само да сп...
„Непристојно за гледање“ – Најтажната принцеза на светот критикувана заради скандалозните фотки со н... Се појавија гласини дека нивниот брак е чиста формалност, па принцезата на Монак...
Само мајка му го вика така - Зошто Дрејк го крие своето вистинско име од јавноста? „Имаш име на девојче, затоа го криеш од јавноста!“ Дрејк доби ваков коментар зат...
Децата треба да учат од нив: Викторија и Дејвид и по 25 години брак вљубени на Валентајн „Што да му купиш на мажот што има сѐ“ – се пошегува Викторија до фотката од пода...
Викторија скока, а Никола се тетерави со високи потпетици на плажа – Како дизајнерката ѝ го честита ... Викторија Бекам скока боса во песокот, а нејзината снаа Никола Пелц со високи по...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg