Највпечатливите фризури и мејкап изгледи од Мет Гала 2018

Со оглед на фактот дека картата за присуство на овој неверојатен настан чини 25,000 долари, сите ние кои не можеме да си ги дозволиме тие срества, ќе се задоволиме само да ги погледнеме неверојатните изгледи на познатите кои оваа година се потрудија да останат запаметени токму преку изборот на облека, шминка и се разбира - фризура.

poglednete_gi_najubavite_frizuri_i_mejkap_izgledi_od_met_gala_2018_01.jpg

Темата на овогодинешната Мет Гала беше во духот на католичката религија, па така секој од познатите на себе носеше некој симбол во духот на католицизмот. Некои се одлучија за поминимален и подискретен изглед, но мора да признаеме дека најславните секогаш се трудат да не воодушеват, па и изненадат со нивниот избор.

Еве дел од највпечатливите фризури и мејкап изгледи за оваа година:

Јасмин Сандерс

Оваа убавица изгледаше неверојатно со нејзиниот златен фустан кој го комплетира со природен мејкап изглед и неверојатна плетенка украсена со црвени рози.

poglednete_gi_najubavite_frizuri_i_mejkap_izgledi_od_met_gala_2018_02.jpg

Оливија Мун

Познатата актерка успеа да стане вистинска сензација со нејзиниот храбар избор на фустан и мрежестиот, златен додаток за коса кој го комплетираше целокупниот изглед.

Во поглед на шминката, актерката паметно избра темно црвен кармин кој ѝ даде нота на мистериозност и софистицираност, додека златните точки покрај нејзините зелени очи направија таа да завши на овој список.

poglednete_gi_najubavite_frizuri_i_mejkap_izgledi_od_met_gala_2018_03.jpg

Амбер Херд

Бившата сопруга на Џони Деп знае како да го носи секој моден стил. Тоа не беше исклучок на овогодинешната гала каде во дух на темата одбра да носи додаток за коса кој потсетуваше на сонце со златните зраци.

Нејзината коса беше испрскана со златен спреј, а шминката беше исто така во тон со целокупниот изглед. Златна сенка и златен хајлајтер и темно црвени усни.

poglednete_gi_najubavite_frizuri_i_mejkap_izgledi_od_met_gala_2018_04.jpg

Аријана Гранде

Познатата поп дива ретко отстапува од нејзиниот мејкап и бјути изглед. И сега ја остави својата коса врзана со прекрасна прозирна пуфка, додека шминката изгледаше едноставно и во тон со нејзиниот неверојатен фустан.

poglednete_gi_najubavite_frizuri_i_mejkap_izgledi_od_met_gala_2018_05.jpg

Емилија Кларк

Мајката на змејовите на галата се појави со одлична кралска круна, достојна за една вистинска кралица. Шминката на Калеси беше особено интересна со нејзините нагласени розови јаболчици, темно црвениот кармин, а во преден план беа и нејзините прекрасни, природни веѓи.

poglednete_gi_najubavite_frizuri_i_mejkap_izgledi_od_met_gala_2018_06.jpg

Ким Кардашијан

Кога ќе помислите на најпознатата личност од шоу бизнисот секогаш на ум ви доаѓа зборот ултра секси. И покрај темата на настанот, Ким остана доследна на својот стил и се појави во неверојатно златно издание.

Нејзината фризура беше одличен додаток на светкавиот, тесен, Версаче фустан, додека нејзината шминка одлично ги акцентираше нејзините очи и усни.

poglednete_gi_najubavite_frizuri_i_mejkap_izgledi_od_met_gala_2018_07.jpg

Дајeн Кругер

Познатата актерка успеа да постигне одличен изглед со мрежата преку нејзиното лице. Овој неверојатен додаток навистина остави впечаток кај модните критичари. За да дојде до израз нејзината коса беше собрана во мал кок, додека нејзината шминка беше доста природна и неутрална.

poglednete_gi_najubavite_frizuri_i_mejkap_izgledi_od_met_gala_2018_08.jpg

Бела Хадид

Оваа прекрасна млада дама воодушеви на модниот тепих со нејзинот прекрасен фустан и исто толку прекрасен изглед. Нејзината коса фатена во прекрасен кок и долгиот додаток кој тежеше 4,5 килограми направија овој топ модел да изгледа екстра гламурозно.

Шминката исто така придонесе до нагласување на нејзините одлични контури на лицето и нејзините впечатливо зелени очи.

poglednete_gi_najubavite_frizuri_i_mejkap_izgledi_od_met_gala_2018_09.jpg

Ријана

Навистина нема ниту една славна личност која може да се спореди со оваа поп дива. Едноставно кога станува збор за Мет Гала, Ријана е незаменлива. Од година на година таа само покажува дека никој не може да се спореди со неа.

И овојпат тааа воодушеви со нејзиниот избор на облека, комплетиран со одлична шминка и фризура врз која ја носеше таа капа инспирирана од капите на Ватиканскиот Папа.

poglednete_gi_najubavite_frizuri_i_mejkap_izgledi_od_met_gala_2018_10.jpg

К. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Аријана Гранде како замотана во јорган – Најдобро и најлошо облечени ѕвезди на Оскари 2024 (фото) Марго Роби ги замени розовите „Барби“ тоалети за црн провокативен фустан, а Ариј...
Првпат посегнала по животот кога ѝ ја одзеле ќерката, смртта на синот ја „дотолчи“ – Тажниот живот н... За првпат посегнала по својот живот кога сакале да ѝ ја одземат ќерката во 1999-...
Која трагедија во животот ја натера Памела Андерсон да се откаже од шминка? На забавата по Оскарите 2024 се појави без грам шминка и со несредена коса, на м...
„Орален секс во замена за туш“ – Жестоки критики за скандалозниот настап и говор на Мадона пред нејз... „Нудев орален секс за бесплатно туширање“ – Мадона ја вџаши публиката со своите ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg