Никогаш не вели никогаш: Славни дами кои го променија ставот за бракот

Тие се колнеа дека нема шанси да се омажат, но времето го докажа спротивното. Не само што застанаа на лудиот камен, туку денеска се посреќни од кога и да е.

nikogash-ne-veli-nikogash-slavni-dami-koi-go-promenija-stavot-za-brakot-1.png

Постојат познати жени на кои венчавката не им беше на листата со приоритети. Од различни причини, тие не веруваа во бракот како институција. И неретко јавно говореа на оваа тема. Меѓутоа, сѐ се промени во мигот кога го запознаа „Господинот Вистински“.

Ова се славните дами кои го променија ставот за бракот:

Џесика Частејн (41)

Актерката Џесика Частејн и Џанлука Паси де Пропосуло, кој е извршен директор на италијанскиот моден бренд Moncler, започнаа да се забавуваат во 2012 година. Нивната врска беше крунисана пет години подоцна, кога двајцата и официјално станаа маж и жена.

nikogash-ne-veli-nikogash-slavni-dami-koi-go-promenija-stavot-za-brakot-2.jpg

Во скорешно интервју, црвенокосата глумица откри зошто го променила ставот да заплови во брачните води:

„Никогаш не сакав да се омажам. Кога го запознав сегашниот сопруг, знаеше дека не сум заинтересирана за брак. Почнавме да се запознаваме еден со друг. Тогаш го променив ставот за бракот. Некои нешта едноставно треба да се прослават, а сопругот навистина вредеше да го направам тоа. Сега сакам да бидам во брак. Во ниеден момент не мислев дека ова ќе биде возможно, ама тој е спектакуларно човечко битие. И славам што мојот живот можам да го споделам со него.“

nikogash-ne-veli-nikogash-slavni-dami-koi-go-promenija-stavot-za-brakot-3.png

Камерон Диаз (45)

Уште на почетоците од кариерата, актерката Камерон Диаз тврдеше дека нема намера да се мажи. Во повеќе наврати, таа изјави дека се плаши од таквата обврска, како и дека едноставно не е тип на личност за брак.

nikogash-ne-veli-nikogash-slavni-dami-koi-go-promenija-stavot-za-brakot-4.jpg

Сепак, филмската ѕвезда го промени тврдокорниот став, откако во нејзиниот живот влезе музичарот Бенџи Маден:

„Откако го запознав, прво што си помислив е дека е згоден. Се запрашав како тоа претходно не го запознав. Никогаш не бевме во исти кругови. Се венчавме во својата дневна соба, пред најблиските пријатели. Потоа имавме мала забава во градината. Ние двајцата сме мошне различни како личности, ама ги споделуваме истите вредности. Никогаш немав искусено нешто такво. Никогаш никој не ме сакал на овој начин. Го погледнувам секој ден и едноставно ме инспирира. Навистина сум среќничка. Сега кога го имам мојот сопруг покрај себе, ништо повеќе не е важно. Воопшто не се присетувам на минатото. Никој не може да се спореди со него. Сѐ друго исчезна. Едноставно сфаќате дека тоа е она вистинското. Вистинската љубов. Сфаќате што значи вистинска посветеност и лојалност. Тоа е личноста со која го градите својот живот.“

nikogash-ne-veli-nikogash-slavni-dami-koi-go-promenija-stavot-za-brakot-5.png

Рејчел Вајс (48)

И сопругата на Даниел Крег го мразела бракот, сѐ додека не се вљубила во него. Имено, актерката Рејчел Вајс беше во долгогодишна врска со режисерот Дарен Аронофски, а заедно имаат и дете. Двојката раскина во 2010 година, кога наголемо се шпекулираше дека причината е русокосиот „Џејмс Бонд“.

nikogash-ne-veli-nikogash-slavni-dami-koi-go-promenija-stavot-za-brakot-6.jpg

Се покажа дека е вистина, па после неколку месеци, својата прељубничка афера ја крунисаа со брак. Глумицата неодамна призна дека драстично го променила ставот:

Не мислев дека ќе бидам во брак. Тоа никогаш не беше моја амбиција. Напротив. Не можев да се соживеам со романтичните комедии, каде сѐ се врти околу бракот. Но, ете ми се случи и мене. За среќа - во моментот кога бев зрела за брак. Сега го носам прстенот цело време. Го носам со гордост. Јас сум зафатена жена.“

nikogash-ne-veli-nikogash-slavni-dami-koi-go-promenija-stavot-za-brakot-7.png

Алисон Бри (35)

Актерката Алисон Бри, пак, имала само пет години кога родителите ѝ се развеле. Трауматичното искуство од детството, со години влијаеше на нејзиното мислење за бракот.

nikogash-ne-veli-nikogash-slavni-dami-koi-go-promenija-stavot-za-brakot-8.jpg

Меѓутоа, како и претходните примери, таа го променила ставот по среќавањето на вистинската љубов. Лани се венча со колегата Дејв Франко, па проговори какви ѝ се импресиите:

„Не сакав да се омажам. Себеси и на другите им велев дека тоа не е мојот пат, бидејќи водам премногу луд живот. И одеднаш се заљубив. Глумата ме исполнуваше, ама не ми беше најважната работа. Има нешто во бракот поради кое осетив посебен мир, па дури и поголема слобода. Воопшто не се чувствувам заробена. Бракот е навистина супер.“

nikogash-ne-veli-nikogash-slavni-dami-koi-go-promenija-stavot-za-brakot-9.png

M. A. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
„Имав мозочен удар, не сум била на љубовен состанок 6 години“: Ретко појавување на Сузан Бојл од Bri... „Прекрасно е чувството што сум повторно овде. За мене е навистина посебно, бидеј...
„Да не беа децата ќе ме обземеше мрак, станав мајка на 26 години и тоа ме спаси“ – Анџелина Џоли за ... „Чувствувам како да не наликувам на себеси во последниве 10 години, на начин за ...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Првиот син ѝ се самоуби, а со двајцата посвоени не разговараше: Факти за Тина Тарнер, која почина на... На возраст од само 10 години мајка ѝ ја напуштила, откри дека поранешниот сопруг...
Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg