Го погреба синот, ја победи депресијата: Животната приказна на Ени Ленокс

Популарната пејачка Ени Ленокс (69), иако секогаш насмеана на сцената, преживеа многу љубовни болки и премрежија во животот. Таа успеа да ја победи депресијата, љубовните разочарувања и смртта на детето, а среќата ја пронајде на 58 години, кога се омажи третпат.

go-pogreba-sinot-imashe-nerven-slom-ja-pobedi-depresijata-zhivotnata-prikazna-na-eni-lenoks-01.jpg

Ени Ленокс повеќе од 4 децении е дел од светската музичка елита. Продала преку 80 милиони албуми, добила многу награди и признанија, меѓу кои и Греми и Оскар за најдобра песна за филмот The Lord Of the Rings: The Return of the King, a музичката станица VH1 ја прогласи за најдобрата бела соул пејачка на сите времиња.

Но, Ленокс, која беше дел од дуото Eurythmics, последниве 15 години многу повеќе време и енергија посветува на хуманитарната работа, отколку на музиката.

Таа им помага на африканските жени и деца заразени со ХИВ, а поради својата работа УНЕСКО во 2010 ја прогласи за амбасадор на добра волја во борба против сидата.

За својата хуманитарна работа доби одличје и од кралицата Елизабета Втора.

go-pogreba-sinot-imashe-nerven-slom-ja-pobedi-depresijata-zhivotnata-prikazna-na-eni-lenoks-03.jpg

Нејзината емпатија кон сиромашните и болните потекнува уште од детството, бидејќи растела во беда.

Татко ѝ работел на бродоградилиште во Шкотска, а мајка ѝ Дороти била готвачка во работничката кантина.

Иако родителите биле сиромашни и необразовани, се труделе да ѝ овозможат на својата ќерка сè што можат.

Бидејќи од дете покажувала музички талент, на 7 години почнале да ѝ плаќаат часови по клавир, а потоа и да ја запишат во добро училиште, иако многу соседи им се потсмевале поради тоа.

go-pogreba-sinot-imashe-nerven-slom-ja-pobedi-depresijata-zhivotnata-prikazna-na-eni-lenoks-09.jpg

Ги слушала Битлси и ги пеела сите нивни песни, а кога на 11 години на телевизија видела настап на жена која свири на флејта, веднаш се заљубила во инструментот.

На крајот родителите попуштиле и ѝ купиле флејта.

На првиот час, поради погрешна техника за дишење, Ени хипервентилирала и повратила пред професорката.

Но, ни оваа траума не ја спречила да научи да свири флејта.

go-pogreba-sinot-imashe-nerven-slom-ja-pobedi-depresijata-zhivotnata-prikazna-na-eni-lenoks-07.jpg

Како дете била повлечена и не се дружела со врсниците. На училиште имала добри оценки, но вели дека школото ѝ било здодевно и напорно.

„Во младоста се борев со депресија и меланхолија. Секогаш бев осамена, како да не припаѓам никаде.

Сега веќе не е така, а кога сум тажна им се јавувам на пријателите“, призна таа пред неколку години.

Првиот настап го имала на 16 години, на натпревар за таленти во мало место во Шкотска.

Пред стотина луѓе ја испеала шкотската народна песна Mairi’s Wedding и победила.

go-pogreba-sinot-imashe-nerven-slom-ja-pobedi-depresijata-zhivotnata-prikazna-na-eni-lenoks-04.jpg

Следната година се запишала на студии по флејта и клавир на Кралската музичка академија во Лондон, но не била сигурна дека направила вистински избор.

Се плашела од идејата дека може да заврши како учителка во некое школо, па поради мрачните мисли за иднината, често не одела на предавања.

Бидејќи сама го плаќала студирањето, работела како продавачка, келнерка, помошничка во фризерски салон...

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Познати мажи кои беа во врска со многу помлади тинејџерки (и сега се осудувани) Елвис Присли имал 24, а Присила само 14 години кога ја почнале врската. Тие се в...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg