Од детски идоли до тешки зависници: Дизни ѕвезди на кои славата им го уништи животот

Светот го погоди веста за наводното предозирање со хероин на Деми Ловато. Но, американската изведувачка не е единствената дизниева ѕвезда што тешко го поднесе товарот на славата. Како и зошто пропаднаа тинејџерските идоли?

od-detski-idoli-do-teshki-zavisnici-dizni-dzvezdi-na-koi-slavata-im-go-unishti-zhivotot-1.png

„Една фаза ми траеше по два месеци, кога секојдневно бев дрогирана и пијана. Тогаш не беше лесно да се работи со мене.“, гласи изјава на Деми Ловато за медиумите.

Со неполни 26 години, пејачката многупати досега беше на рехабилитација. Во повеќе наврати и отворено говореше за менталното здравје и својата борба со зависноста.

od-detski-idoli-do-teshki-zavisnici-dizni-dzvezdi-na-koi-slavata-im-go-unishti-zhivotot-2.jpg

И не е првата. Таа е уште една во низата млади ѕвезди, коишто потпаднаа под влијание на алкохолот и дрогата, не можејќи да го поднесат товарот на славата, бидејќи го носат на нивни плеќи од раното детство.

Јасно е дека шоу бизнисот е стресен и секако не е за деца. Филмската и музичката индустрија се тешки и за емоционално зрелите личности, ама кон тинејџерите се посебно остри – исто како и растењето пред целиот свет.

od-detski-idoli-do-teshki-zavisnici-dizni-dzvezdi-na-koi-slavata-im-go-unishti-zhivotot-3.jpg

Во една од песните, Ловато го испеа стихот: „Навистина сакав да бидам пример, но јас сум само човек.“.

Ова доволно говори за нејзиното, како и психичкото здравје на мноштво други идоли на публиката. Светот бара нестабилните тинејџери да бидат совршени, а истовремено сака да ги уништи по секоја цена. Ничии грешки не се простуваат.

od-detski-idoli-do-teshki-zavisnici-dizni-dzvezdi-na-koi-slavata-im-go-unishti-zhivotot-4.jpg

Повеќе нејзини колеги и колешки, кои исто така ја започнаа кариерата од мали нозе, глумејќи во разни проекти на Дизни, се најдоа во слична ситуација како и Деми.

Од детски идоли станаа тешки зависници. Ова се дизниевите ѕвезди на кои славата им го уништи животот:

Линдзи Лохан (32)

Никој не претпоставуваше дека слаткото пегаво девојче кое ги освои сите во „The Parent Trap", подоцна ќе се претвори во една од најпроблематичните жени на јавната сцена. На дванаесет години потпиша ексклузивен договор со Дизни и сними повеќе филмови во нивна продукција. Беше и најголемата ѕвезда на детскиот канал.

od-detski-idoli-do-teshki-zavisnici-dizni-dzvezdi-na-koi-slavata-im-go-unishti-zhivotot-5.png

Глумејќи во тинејџерски комедии како „Freaky Friday“ и  „Mean Girls", Лохан им стана миленичка на врсниците, сѐ дури не започна ерата на „проблематичната Линдзи“.

Од 2006 година беше шестпати на рехабилитација, како поради злоупотреба на дрога, така и заради агресивноста. Ѕвездата ја апсеа за возење во пијана состојба и под дејство на опијати, поседување кокаин, кражби...

od-detski-idoli-do-teshki-zavisnici-dizni-dzvezdi-na-koi-slavata-im-go-unishti-zhivotot-6.jpg

Пред неколку години се смири и дистанцираше од Холивуд. Глумеше во независни филмови, работеше на мјузикли  и снимаше музика, пред да одлучи да се пресели во Дубаи.

Денеска е првенствено посветена на бизнисот. Линдзи Лохан е сопственичка на ланец барови и ноќни клубови во Грција, каде редовно ги поминува летата.

od-detski-idoli-do-teshki-zavisnici-dizni-dzvezdi-na-koi-slavata-im-go-unishti-zhivotot-7.jpg

Остатокот од времето е во Дубаи. Го одбрала градот поради ригорозните закони за неовластено фотографирање и следење од папараците.

Вели дека таму се чувствува сигурно и без притисок од медиумите.

Бритни Спирс (36)

Малкумина се сеќаваат дека и поп принцезата е некогашна дизниева ѕвезда. Нејзините музички почетоци беа како единаесетгодишна учесничка во телевизиското шоу „Micky Mouse Club“, каде се појавија и Џастин Тимберлејк, Кристина Агилера и Рајан Гослинг.

od-detski-idoli-do-teshki-zavisnici-dizni-dzvezdi-na-koi-slavata-im-go-unishti-zhivotot-8.png

Глобално позната стана со албумите „...Baby One More Time “ и „Oops!... I Did It Again“, негувајќи имиџ на мила и невина девојка. Турбулентниот период во животот на Бритни Спирс започна по бракот со Кевин Федерлајн.

Заедно добија две деца, а младата мајка стана (не)препознатлива со недоличното однесување во јавноста.

od-detski-idoli-do-teshki-zavisnici-dizni-dzvezdi-na-koi-slavata-im-go-unishti-zhivotot-9.jpg

Од излегувањето без долна облека, па до бесното возење автомобил со синот во скутот, скандалите ги полнеа страниците на жолтиот печат. По разводот од сопругот, пејачката се пријави во центар за рехабилитација во 2007 година.

Не остана ни едно деноноќие, а веќе наредната вечер си ја избричи главата со машинка, доживувајќи нервен слом пред објективот на папараците во Лос Анџелес.

od-detski-idoli-do-teshki-zavisnici-dizni-dzvezdi-na-koi-slavata-im-go-unishti-zhivotot-10.jpg

Истата година го загуби старателството над децата и двапати беше сместена во психијатриска болница. Полицијата ја затекна под дејство на непознати супстанци, а според менаџерот на ѕвездата, Спирс била зависна од анфетамини и дрогирана спиела на паркинзи.

Иако поради злоупотребата на наркотици и менталните болести преживеа вистински пекол, таа некако успеа да застане на нозе, па се чини дека лошите времиња конечно ги остави зад себе.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Деми Мур е бикини кралица во Грција на 60 години - рамен стомак, само малку целулит и лице без шминк... Деми Мур е доказ дека жените се секси во секоја деценија од животот, изгледа фит...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
„Имав мозочен удар, не сум била на љубовен состанок 6 години“: Ретко појавување на Сузан Бојл од Bri... „Прекрасно е чувството што сум повторно овде. За мене е навистина посебно, бидеј...
18 ѕвезди за кои (најверојатно) не знаете дека се роднини Некои ѕвезди не само што ги врзува работата, туку и роднинските врски. Дали сте ...
Зошто Анџелина не сака да се разведе од Бред Пит, откако биолошката ќерка ѝ го сврте грбот? Бред Пит повторно сака да стане татко и се надева дека во 70-тите години кога ќе...
Сите секс-скандали на шпанската кралица Летиција – Зетот од сестра тврди дека биле во врска, имала а... Шпанското кралско семејство деновиве е на удар откако во јавноста беше откриено ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg