Kако изгледал скромниот дом во кој пораснала Меган Маркл? (фото)

Сега живее во Кензингтонската палата опкружена со луксуз, но како изгледале нејзините детски и тинејџерски денови?

kako-izgledal-skromniot-dom-vo-koj-porasnala-megan-markl-foto-01.jpg

Меган Маркл во поголемиот дел од животот живеела со мајка ѝ во темен мал стан на вториот кат во срцето на Лос Анџелес и никој не помислувал дека таа децении подоцна ќе стане дел од британското кралско семејство.

kako-izgledal-skromniot-dom-vo-koj-porasnala-megan-markl-foto-02.jpg

Пред да се разведат нејзините родители Дориа и Томас, Меган живеела во семејна куќа со две соби, која исто така изгледала скромно ако се спореди со нејзиниот грандиозен дом сега - Кензингтонската палата, каде таа и принцот Хари имаат свој апартман.

Нејзиниот живот започнува во овој дом заедно со родителите и нејзините полубрат и полусестра со кои денес не е во добри односи, затоа што јавно плукаат по неа во медиумите, велејќи дека отсекогаш глумела кралица која сакала сè да биде по нејзино.

Меган живеела во куќата со 2 спални во населбата Woodland Hills во Лос Анџелес сè до 1983, кога наполнила 2 години.

kako-izgledal-skromniot-dom-vo-koj-porasnala-megan-markl-foto-05.jpg

kako-izgledal-skromniot-dom-vo-koj-porasnala-megan-markl-foto-04.jpg

Потоа Меган живеела во пораскошен дом, но тогаш почнале проблемите кога татко ѝ работел по цел ден и ноќ, а нејзиниот полубрат постојано пушел марихуана.

kako-izgledal-skromniot-dom-vo-koj-porasnala-megan-markl-foto-08.jpg

Родителите на Меган биле во брак од 1979 година и останале заедно само 4 години. По разводот Меган се преселила со мајка ѝ во стан.

Но, иако имала скромни домови Меган посетувала луксузна приватна градинка за која цената за годишно школување била околу 16.000 евра.

По разводот на нејзините родители татко ѝ си купил апартман, па Меган од тинејџерските денови сè до заминувањето на колеџ живеела со него во текот на работните денови, бидејќи апартманот бил блиску до нејзиното средно училиште, иако на моменти имале проблеми во односот. За време на викендите живеела со мајка ѝ.

kako-izgledal-skromniot-dom-vo-koj-porasnala-megan-markl-foto-06.jpg

kako-izgledal-skromniot-dom-vo-koj-porasnala-megan-markl-foto-03.jpg

Нејзиниот нов дом е Кензингтонската палата.

Прочитајте и 10 интересни факти за домот на принцот Хари и Меган!

kako-izgledal-skromniot-dom-vo-koj-porasnala-megan-markl-foto-07.jpg

С. С.| Црнобело

Би можело да ве интересира:

Македонски и светски ѕвезди кои станаа родители во 2023 година Ријана го доби вториот син, додека Пере од „Нокаут“ ја доби четвртата ќерка – ко...
Мајката на Џеј Зи, која има 4 деца, се ожени со девојката на 72 години - Која е нејзината нова сопру... Венчавката на мајката на Џеј Зи и нејзината партнерка Роксан ја изненади јавност...
8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн... „Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
Меган Фокс откри дека имала спонтан абортус со бебето на Машин Ган Кели: „Се прашував - Зошто ми се ... „Ни беше многу тешко и на двајцата и тоа нè одведе во еден сосема поинаков праве...
Ги облекува синовите како девојчиња, ги остава кај татко им за да се шета: Зошто Меган Фокс ја нарек... Колку време холивудската актерка Меган Фокс поминува со своите три сина и што ве...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg