Спортско мавање со снег

sportsko-mavanje-so-sneg-povekjeДодека ние го чекаме првиот снег што како и секоја година сигурно ќе ги изненади надлежните служби, вредните Јапонци веќе го освојуваат...


...светот со нивните натпревари во мавање со снежни топки.

sportsko-mavanje-so-sneg-1

Значи она што сите го правевме како деца и за што секогаш добивавме прекор од возрасните минувачи, во Јапонија се прифати како спорт. Оригиналното име е Yukigassen што во превод е токму „Борба со снежни топки“.

sportsko-mavanje-so-sneg-2

„Утакмицата“ ја играат два тима од по седум играчи на терен со 40 метри должина и 10 метри ширина, со правила стандардизирани од Јапонската јукигасен федерација.

Натпреварот е поделен на три третини од по три минути активна игра со по 1 минута пауза меѓу нив, а секој тим добива по 90 топки за секоја третина. Целта е да се добие противничкото знаменце. За фер и безбедна игра снежните топки се прават со машина.

sportsko-mavanje-so-sneg-3

Топките не смее да се дофрлаат до играчи од ист тим, но може да се дотркалаат по земја или да се дадат рака на рака. Играч кој е погоден од снежна топка излегува од игра, па како дел од одбраната се користат коцки-скривници направени од снег.

sportsko-mavanje-so-sneg-4

Освен истекот на времето една третина може да заврши и поради излегување од игра на сите играчи од еден тим, освојување на туѓото знаменце пред време или вадење на сопственото знаменце, снежната верзија на автогол :)

sportsko-mavanje-so-sneg-5

По 20 години играње во Јапонија овој забавен спорт си најде место и на други континенти, со по некој натпревар во сончевата Австралија(!) и во студената и секогаш расположена за зимски игри Канада. Тие го прифатија со коментар дека по природа јукигасен е канадски во секој поглед.

Таму се подготвуваат и за национален шампионат каде ќе се одредат победниците во машка и женска конкуренција кои потоа со снежни топки ќе ги бранат боите на својата земја на Светското првенство во Јапонија. А штом некој чуден спорт станува популарен, ете ги и Американците да го прифатат.

Нацијата која со потсмев гледа на фудбалот спортува снежни борби во дваесетина сојузни држави!

sportsko-mavanje-so-sneg-7

Не знаеме за вас, но ние уште се трудиме ова да го прифатиме како спорт :)

Па што мислите, ќе се игра ли јукигасен во Македонија?

З.П. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„За мојот народ“ - Македонецот Горјан Славески е новиот светски шампион во борби без ракавици Македонскиот боксер Горјан Гого Славески е новиот светски шампион во борби без р...
Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ учесници на светската карате-лига во Каиро Египетскиот главен град Каиро ќе биде домаќин на третиот турнир од Светската 1 П...
Новак Ѓоковиќ по поразот низ солзи му се обрати на синот Стефан: „Мило ми е што си тука и се смееш“ „Драго ми е што мојот син е и понатаму овде и што се смее“ – рече Новак Ѓоковиќ ...
Браво! Бодибилдерката Мери Акиевска трета година по ред ѝ донесе злато на Македонија (видео) „По третпат успеваме заедно да ја одбраниме оваа преголема титула“ – порача на И...
Каратистите на „Макпетрол“ се подготвуваат за претстојното Европско Првенство Македонските карате-репрезентативци, членови на „Макпетрол“, моментно се на едно...
Ретки семејни фотки: Новак Ѓоковиќ ја бакнува сопругата и ги прегрнува децата, по историската победа... Новак и Јелена Ѓоковиќ скоро никогаш не позираат со децата во јавност, но го пре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg