Интернационалниот мајстор Тони Лазов го освои шаховскиот турнир „Шах-шех Вавилон Опен“

Шахистот на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, освои 8 од можни 9 поени и го освои првото место на турнирот „Шах-шех Вавилон Опен“ што викендов се одигра во Битола.

internacionalniot-majstor-toni-lazov-go-osvoi-sahovskiot-turnir-sah-seh-vavilon-open.jpg

Овој успех на Лазов доаѓа откако пред два месеца на Екипниот Шампионат на Македонија во Охрид,  исто така покажа одлична игра, освојувајќи шест  поени од шест партии, со што се издвои како најуспешен играч.

Од друга страна, турнирот во Битола се играше според правилата за забрзан шах, односно 10 минути по играч, плус 5 секунди за секој потег, а настапија над 170 шахисти.

По првите шест кола, неготинчанецот Лазов го делеше врвот со ИМ Никола Николовски, кој исто како играчот на ШК Алкалоид имаше максимален учинок во дотогашниот дел на турнирот. Во седмото коло тие имаа меѓусебен дуел и ремизираа, за потоа во осмото коло Лазов да го преземе водството на табелата со победа на бугарскиот шахист Методи Стоинев, додека Николовски ремизираше со другиот бугарски шахист, ВМ Петар Дренчев.

Во последното коло, 23-годишниот Лазов играше со ФМ Љубомир Илиќ (кој играше на првата табла за македонската репрезентација за играчи над 65 години на неодамна завршеното Светско екипно првенство во Струга), при што ремизираше, додека за „драмски заплет“ се погрижија Николовски и Дренчев кои извојуваа победи. На крајот, одлучуваше вториот критериум „Бухолц“, па во конечниот пласман Лазов се најде пред двајцата ривали кои имаа ист број поени.

Меѓу првите десетмина се најдоа и двајца играчи кои потекнуваат од младинскиот погон на ШК Алкалоид, Матео Ефтовски (најдобро пласиран играч до 20 години) и Теодор Јовановски (најуспешен до 18 години), кои беа во групата играчи со по 7 бода што делеа пласман од 5 до 12 место, а според „Бухолц“ се на седма и осма позиција.

Фото: Архива на ШК Алкалоид

Би можело да ве интересира:

Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла ШК Алкалоид го освои петтото место на Светското екипно првенство во шах за сенио...
Емотивен говор, маица за почит кон Коби Брајант: Новак Ѓоковиќ ја освои рекордната 24-та Гренд слем ... Новак Ѓоковиќ ја освои 24-тата Гренд слем титула во кариерата и моментално е тен...
Живее во дрвен бунгалов, не може да најде девојка – Што знаеме за Карлос Алкарaз, момчето што го поб... Татко му сакал да биде тенисер, но немал доволно финансии, па затоа станал трене...
Петар Заборски од „Макпетрол” освои бронза на светската карате лига во Атина Каратистот на „Макпетрол“, Петар Заборски, се закити со бронзено одличје на турн...
Нема приватен авион, кога може се вози со велосипед на турнири – На што ги троши Новак Ѓоковиќ парит... Има колекција од скапи автомобили, но кога може, на натпреварите оди со велосипе...
Шаховскиот клуб АЛКАЛОИД ќе учествува на Светскиот сениорски екипен шампионат за ветерани за 2023 го... Најсилното шаховско натпреварување за сениори/ветерани во светот, чија организац...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg