Историски успех за македонскиот спорт

istoriski-uspeh-za-makedonskiot-sport-povekjeНа отвореното меѓународно првенство по бразилско џиу џицу во Хрватска, борците од спортскиот клуб за бразилско џиу џицу „Карлос Маја“ постигнаа...


...историски успех. За прв пат Македонија се закити со златен медал во овој релативно млад спорт.

Ова првенство е најпрестижниот турнир во Југоисточна Европа, a во него секоја година учествуваат преку 200 натпреварувачи од 12 земји.

Најзаслужен за овој успех е Александар Јовановски. Тој ефикасно ги совлада сите негови противници, меѓу кои се наоѓаше и шампионот на Хрватска. Со целосна доминација овој млад 22-годишен борец ги надмина постарите и поискусните натпреварувачи за заслужно да се најде на врвот. Покрај Александар, бронзени медали освоија Мартин Михајлов и Јордан Христовски.

istoriski-uspeh-za-makedonskiot-sport

Со бразилското џиу џицу учите како да го контролирате противникот преку изместување од рамнотежа, заклучувања, добар тајминг и создавање на ситуации кои го искористуваат нерамномерното користење на силата. Според учењето на овој спорт, помалиот и физички послаб противник е способен да издвојува победа врз посилниот со вистинската тактика и примена на најдобрата техника.

После успесите во Бугарија, Србија, Словенија и Австрија, момците од „Карлос Маја“ продолжуваат понатаму. Следен чекор е учество на меѓународното првенство во Италија, а полека, но сигурно се припремаат и за неминовното Европско првенство кое ќе се случи на крајот од годината. 

Следете ги на Facebook.
http://www.facebook.com/graciebarramk

Би можело да ве интересира:

Благодарност до македонската ракометна јавност Ракометната Федерација на Македонија упатува голема благодарност до сите кои без...
Ретки семејни фотки: Новак Ѓоковиќ ја бакнува сопругата и ги прегрнува децата, по историската победа... Новак и Јелена Ѓоковиќ скоро никогаш не позираат со децата во јавност, но го пре...
Шпанскиот ракометар Гурбиндо доби ќерка со сопругата Македонка - чекаа еден месец за да ги објават у... Во Македонија ја најде љубовта на својот живот, а сега шпанскиот ракометен репре...
Петар Заборски од „Макпетрол” освои бронза на светската карате лига во Атина Каратистот на „Макпетрол“, Петар Заборски, се закити со бронзено одличје на турн...
Заборски и Спасеновски од „Макпетрол“ учесници на светската карате-лига во Каиро Египетскиот главен град Каиро ќе биде домаќин на третиот турнир од Светската 1 П...
Каратистите на „Макпетрол“ се подготвуваат за претстојното Европско Првенство Македонските карате-репрезентативци, членови на „Макпетрол“, моментно се на едно...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg