Федерер без борба се пласира во четвртфиналето

federer-bez-borba-se-plasira-vo-cetvrtfinaleto

Роџер Федерер, Енди Мареј, Томаш Бердих и Марин Чилиќ изборија пласман во четвртфиналето на тенискиот грен слем во Њујорк.

Првиот носител на турнирот Швајцарецот Федерер меѓу осумте најдобри се пласира без борба, откако домашниот играч Марди Фиш му го предаде мечот.

Фиш кој пред неколку месеци имаше проблеми со срцето, во понеделникот почувствувал болка во градите, несакајќи да ризикува тој воопшто не се појави на теренот.

Противник на Федерер во четвртфиналето ќе му биде Чехот Томаш Бердих. Шестиот носител на турнирот во три сета, во осминафиналето, го победи Николас Алмагро 7:6, 6:4, 6:1.

Три сета за пласман во следната рунда му беа потребни и на олимпискиот шампион Енди Мареј, Британецот против Милош Раониќ ги доби првите два сета со 6:4, а во третиот беше уште поубедлив добивајќи го овој сет со 6:2.

Мареј за пласман во полуфиналето ќе се бори со Чилиќ. Хрватскиот тенисер во осминафиналето го победи најголемото изненадување на турнирот, 50-от играч на АТП листата Словакот Мартин Клижан со 7:5, 6:4, 6:0.

04.09.2012 (Макфакс)

Би можело да ве интересира:

Живее во дрвен бунгалов, не може да најде девојка – Што знаеме за Карлос Алкарaз, момчето што го поб... Татко му сакал да биде тенисер, но немал доволно финансии, па затоа станал трене...
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла ШК Алкалоид го освои петтото место на Светското екипно првенство во шах за сенио...
Интернационалниот мајстор Тони Лазов го освои шаховскиот турнир „Шах-шех Вавилон Опен“ Шахистот на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, освои 8 од можни 9 поени и го освои прво...
Каратистите на „Макпетрол“ учествуваа на светската премиер лига во Ларнака Симона Заборска од карате клубот „Макпетрол“ се пласира на седмата позиција на т...
За него го оставила шекот со кого била верена: Љубовната приказна на Мирка и Роџер Федерер „Тогаш ја запознав светлината на својот живот, жена за која би одел на Месечинат...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg