Арх незапирливо одлета до втората победа

Австриецот Ханс Арх победи на трката во Будимпешта од светското првенство Red Bull Air Race надминувајќи ја пеколната горештина и жестоката конкуренција од лидерот на табелата, Пол Боном, за да извојува победа со стил. Со овој негов втор триумф во низа, Арх изби на второто место во генералниот пласман на најбрзото светско натпреварување коешто стигна до својата средина од предвидените осум трки во 2015 година.

arh-nezapirlivo-odleta-do-vtorata-pobeda-3.jpg

Боном, кој задоцни само 207 илјадити делови од секундата, го освои второто место, но на табелата води со 34 поени, односно пет повеќе од Арх. Победничкото време на Австриецот беше 59,35 секунди, поставено на брзата слалом патека која остава без здив, лоцирана пред зградата на унгарскиот парламент на величенствената река Дунав. Чешкиот пилот Мартин Сонка го освои третото место меѓу четиринаесетте најдобри светски акробатски пилоти, коишто летаат со 370 километри на час, а во овој случај влегуваа на патеката со лет под мостот „Ланчид“, правејќи ја оваа трка една од најспектакуларните и носејќи големи возбуди за илјадниците гледачи на бреговите од реката.

Арх имаше почетни проблеми во тренинг сесиите и беше само трет во саботните квалификации, но затоа беше незапирлив во првите две елиминациски рунди, каде што беше најбрз и во првата во којашто возеа сите 14 пилоти, а потоа и во втората каде што возеа осумте најдобри пилоти. Но кога најбрзите четворица влегоа во завршницата „Final Four“, тој беше принуден да оди до лимитот затоа што десетинки го делеа од Боном, Сонка и Пит Меклиод, којшто заврши четврти. Додека температурата се искачи високо над 30 степени целзиусови, Арх ја зачува присебноста за да ја извози најбрзата трка во целата недела.

- Работите не можат да одат подобро од ова,- рече расположениот Арх, кој во Будимпешта ја освои првата победа во кариерата во 2008 година, а потоа стигна и до титулата. - Клучно е сè да се вклопи во вистински момент. Не е од помош ако го направам тоа на тренингот или во квалификациите. Бев самоуверен дека можам сè да склопам во вистинското време.

arh-nezapirlivo-odleta-do-vtorata-pobeda-1.jpg

Унгарскиот пилот Петер Бешењи, кој беше шампион во 2003 година, го освои шестото место со својот нов авион „Edge 540 V3“, за да ја зарадува огромната домашна публика која што го бодреше, додека Австралиецот Мат Хол заврши како петти откако беше елиминиран во директниот дуел со Сонка во рундата на осум најбрзи. Хол е трет на табелата со идентичен број бодови како Арх, и сака да остане во борба за титулата, откако на претходните три трки беше на подиумот, но во Будимпешта само ја потврди добрата форма со најбрзото време на тренинзите и квалификациите, пред да киксира во дуелот со Сонка.

Светското првенство Red Bull Air Race ќе ја има својата следна станица во Велика Британија на 15 и 16 август, каде што на легендарната коњичка патека Аскот, Пол Боном ќе се обиде да остане на врвот од табелата со надеж дека ќе го повтори возбудливиот триумф изборен на трката минатата година.

Резултати: 1. Ханс Арх (Австрија), 2. Пол Боном (Велика Британија), 3. Мартин Сонка (Чешка), 4. Пит Меклиод (Канада), 5. Мат Хол (Австралија), 6. Петер Бешењи (Унгарија), 7. Матијас Долдерер (Германија), 8. Најџел Лемб (Велика Британија), 9. Јошихиде Муроја (Јапонија), 10. Кирби Чемблис (САД), 11. Мајк Гулијан (САД), 12. Франсоа Ле Вот (франција), 13. Хуан Веларде (Шпанија), 14. Николас Иваноф (Франција).

Табела: 1. Боном 34 поени, 2. Арх 29 поени, 3. Хол 29 поени, 4. Сонка 16 поени, 5. Меклиод 14 поени, 6. Лемб 13 поени, 7. Долдерер 13 поени, 8. Гулијан 8 поени, 9. Иваноф 6 поени, 10. Бешењи 5 поени, 11. Муроја 4 поени, 12. Чемблис 2 поени, 13. Веларде 0 поени, 14. Ле Вот 0 поени.

Би можело да ве интересира:

Емотивен говор, маица за почит кон Коби Брајант: Новак Ѓоковиќ ја освои рекордната 24-та Гренд слем ... Новак Ѓоковиќ ја освои 24-тата Гренд слем титула во кариерата и моментално е тен...
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла ШК Алкалоид го освои петтото место на Светското екипно првенство во шах за сенио...
Петар Заборски од „Макпетрол” освои бронза на светската карате лига во Атина Каратистот на „Макпетрол“, Петар Заборски, се закити со бронзено одличје на турн...
Интернационалниот мајстор Тони Лазов го освои шаховскиот турнир „Шах-шех Вавилон Опен“ Шахистот на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, освои 8 од можни 9 поени и го освои прво...
Ретки семејни фотки: Новак Ѓоковиќ ја бакнува сопругата и ги прегрнува децата, по историската победа... Новак и Јелена Ѓоковиќ скоро никогаш не позираат со децата во јавност, но го пре...
Реакцијата на Дејвид Бекам по голот на Меси + Дали Бекамови се трудат да го освојат Меси преку негов... Викторија ја изнесе Антоанела на вечера, Дејвид ја прегрнува по победата – Дали ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg