Новак Ѓоковиќ и Серена Вилијамс по третпат прогласени за светски најдобри спортисти во Берлин

Новак Ѓоковиќ и Серена Вилијамс се тениското дуо кое ги освои наградите „Laureus“ спортист и спортистка на годината во Берлин.

nova-gjokovikj-i-serena-vilijams-po-tretpat-proglaseni-za-svetski-najdobri-sportisti-vo-berlin-01.jpg

На гламурозната церемонија во германскиот главен град, каде презентер на наградите беше американскиот актер Бил Мари, Ѓоковиќ и Вилијамс беа прогласени на светски најдобри спортисти по третпат.

Ѓоковиќ оваа награда претходно ја имаше освоено во 2012-та година и минатата година, а Вилијамс во 2003-та година и пред 6 години.

Двајцата играчи победија на три од четирите Гренд Слем натпревари во 2015-та година.

Ѓоковиќ се најде на врвот на листата на светски најдобри спортисти, пред фудбалерот Лионел Меси и светскиот рекордер Јусејн Болт.

Во женската категорија, Вилијамс ја освои наградата пред фудбалерката Карли Лојд и јамајканската атлетичарка Шели-Ен Фрејзер-Прајс.

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ретки семејни фотки: Новак Ѓоковиќ ја бакнува сопругата и ги прегрнува децата, по историската победа... Новак и Јелена Ѓоковиќ скоро никогаш не позираат со децата во јавност, но го пре...
Интернационалниот мајстор Тони Лазов го освои шаховскиот турнир „Шах-шех Вавилон Опен“ Шахистот на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, освои 8 од можни 9 поени и го освои прво...
Златан Ибрахимовиќ со солзи во очите се пензионира од фудбалот, сопругата ја брише размачканата шмин... „Кога се разбудив утрово и видов дека врне си помислив: ‘Дури и Бог тагува’“ – р...
„Сè уште е тука и не ми недостасува“ – Пријателот на Михаел Шумахер зборува за неговата здравствена ... „Михаел е тука, па не ми недостасува. Неговиот живот сега е сосема поинаков и ја...
Kаратистите на „Макпетрол“ освоија шест медали на Балканското првенство во Тирана На сениорското балканско карате првенство, што во Тирана се одржа од 22 до 24 се...
Интервју со светскиот медалист, каратистот на „Макпетрол“ - Витомир Трајковски Витомир Трајковски, каратист на „Макпетрол“, се пласира на третата позиција на С...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg