Моќната Барса ќе го прошири својот стадион и ќе смести 105.000 гледачи (видео)

ФК Барселона официјално ги претстави планови за обновување на матичниот стадион Camp Nou, споделувајќи повеќе детали за големото реновирање.

Nou_Camp_Nou.jpg

Во март 2016-та година, јапонската компанија Nikken sekkei и локалните архитекти од студиото Pascual - Аusió беа избрани за да го завршат проектот насловен Nou Camp Nou, кој опфаќа трансформирање на постојната структура во арена за денешните модерни спортски активности.

Плановите вклучуваат додавање на поголем покрив на стадионот, како и проширување на капацитетите за седење, кој ќе достигне вртоглава бројка од вкупно 105.000 седишта за гледачите на најважната споредна работа на светот.

Барселона несомнено сака да го зацементира својот ѕвезден статус со најголем стадион во светот.

Градежните работи се очекуваат да започнат во 2017-та година, а проектот се очекува да се заврши за 4 години.

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Интернационалниот мајстор Тони Лазов го освои шаховскиот турнир „Шах-шех Вавилон Опен“ Шахистот на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, освои 8 од можни 9 поени и го освои прво...
Златан Ибрахимовиќ со солзи во очите се пензионира од фудбалот, сопругата ја брише размачканата шмин... „Кога се разбудив утрово и видов дека врне си помислив: ‘Дури и Бог тагува’“ – р...
Емотивен говор, маица за почит кон Коби Брајант: Новак Ѓоковиќ ја освои рекордната 24-та Гренд слем ... Новак Ѓоковиќ ја освои 24-тата Гренд слем титула во кариерата и моментално е тен...
Златан Ибрахимовиќ купи црква, Дидие Дрогба – рудник за злато: Како фудбалерите ги трошат милионите? Кристијано Роналдо сака скапи автомобили и часовници, Вејн Руни има страст за ко...
Каратистите на „Макпетрол“ се пласираа на Светските Боречки Игри во Саудиска Арабија Витомир Трајковски и Стефан Стојановиќ, членови на скопскиот карате-клуб „Макпет...
Каратистите на „Макпетрол“ учествуваа на светската премиер лига во Ларнака Симона Заборска од карате клубот „Макпетрол“ се пласира на седмата позиција на т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg