RED BULL CLIFF DIVING 2016 - Гери Хант им се врати на победите со рекорд во Данска

Британскиот скокач победи на вториот настан за 2016 година на светската серија Red Bull Air Race, но Мексиканецот Џонатан Паредес остана водечки во генералниот пласман по натпреварувањето во Копенхаген.

red-bull-cliff-diving-2016-geri-hant-im-se-vrati-na-pobedite-so-rekord-vo-danska-01.jpg

Копенхаген (Данска),- Петкратниот светски првак Гери Хант повторно ја откри сопствената победничка форма и покрај ветровитите временски услови во Копенхаген. Бранителот на титулата не беше на подиумот во последните две натпреварувања, што се протега до ланската сезона, но овој пат ја одушеви данската публика и стигна до рекорден збир на поени за четирите скока кои ги направи пред околу 40 илјади луѓе во данската престолнина. Полскиот скокач Крис Коланус го направи изненадувањето на викендот, настапувајќи со „вајлд карта“, при што успеа да врзе неколку скока од 28-метри високата платформа, по што „слета“ на подиумот и го освои второто место, што е негов најдобар личен резултат. Мексиканецот Џонатан Паредес по триумфот во Тексас дојде до уште еден „топ 3“ финиш и го зачува водството во генералниот поредок.

Пред натпреварот целта на 26-годишниот Паредес беше да остане водечки со што си наметна притисок за перфектна егзекуција на неговите испробани скокови во кои има доверба. На крилјата на самодовербата од неодамнешната победа, новиот господар на стилот уште еднаш ја исполни сопствената цел, па беше скокач кој доби најмногу „десетки“ од судиите во натпреварот. Поради ваквиот перфекционизам Паредес остана пред Хант по две натпреварувања од вкупно девет во 2016 година, иако скоковите на Британецот имаа комплексност.

За Хант ова е 26 победа во 52 настапи, а беше освоена со рекорден број поени за четирите скока, што го носи спортот во нови височини – 550,30 поени! Британецот не мораше да ги изведе најтшките скокови од својот репертоар, но затоа пак го изведе препознатливиот за него скок со тројно салто на назад со четири вртења, по што стигна до втор триумф во Данска по оној забележан во 2015 година.

Брзината на ветерот во одредени моменти изнесуваше 55 километри на час и ги разбранува водите, но скокачите останаа присебни на 28-метри високата платформа поставена на покривот од зградата на славната зграда на операта во Копенхаген. Токму Крис Коланус кој во Тексас беше десетти, успеа да ја усоврши својата техника и да го направи вториот најдобар резултат на денот. За Полјакот ова е втор финиш на подиумот, но овој пат влегува во историјата како втор скокач кому тоа му пошло од рака да го оствари влегувајќи во натпреварувањето со „вајлд карта“. На овој начин тој изби на четвртото место во генералниот пласман, пред прославениот олимписки скокач Блејк Олдриџ на петто место, како и легендата на спортот, Орландо Дуке од Колумбија на седмото место.

Од најсеверната точка на урбаните метрополи, елитата на скокачите од карпи се враќа на својата исконска локација, на вуланските Азорски острови во Португалија. Третиот настан за оваа сезона ќе се случува на 9 јули, а на него повторно ќе настапат и учесничките во женска конкуренција. 

red-bull-cliff-diving-2016-geri-hant-im-se-vrati-na-pobedite-so-rekord-vo-danska-02.jpg

Гери Хант (Велика Британија):

- Се разбира дека сум среќен. Одиграв тактички овој пат, во незадолжителната програма направив разлика и тоа ми успеа. Условите беа тешки, беше ладно. Но, тоа е дел од спортот, мора да си подготвен за секакво време. Јас сум Англичанец и навикнат сум на студеното време.


Резултати, Копенхаген:
1. Гери Хант (Велика Британија) 550,30 поени, 2. Крис Коланус (Полска) 505,15 поени, Џонатан Паредес (Мексико) 500,80 поени, 4. Дејвид Колтури (САД) 487 поени, 5. Орландо Дуке (Колумбија), 6. Михал Навратил (Чешка) 455,05 поени, 7. Стивен Лобуе (САД) 415,05 поени, 8. Ален Кол (Луксембург) 399,25 поени, 9. Серхио Гузман (Мексико) 283,60 поени, 10. Енди Џоунс (САД) 281,80 поени

Табела: 1. Џонатан Паредес (Мексико) 330 бодови, 2. Гери Хант (Велика Британија) 310 бодови, 3. Михал Навратил (Чешка) 200 бодови, 4. Крис Коланус (Полска) 190 бодови, 5. Блејк Олдриџ (Велика Британија) 180 поени

Би можело да ве интересира:

Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла ШК Алкалоид го освои петтото место на Светското екипно првенство во шах за сенио...
Живее во дрвен бунгалов, не може да најде девојка – Што знаеме за Карлос Алкарaз, момчето што го поб... Татко му сакал да биде тенисер, но немал доволно финансии, па затоа станал трене...
Интернационалниот мајстор Тони Лазов го освои шаховскиот турнир „Шах-шех Вавилон Опен“ Шахистот на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, освои 8 од можни 9 поени и го освои прво...
Браво! Бодибилдерката Мери Акиевска трета година по ред ѝ донесе злато на Македонија (видео) „По третпат успеваме заедно да ја одбраниме оваа преголема титула“ – порача на И...
Златан Ибрахимовиќ купи црква, Дидие Дрогба – рудник за злато: Како фудбалерите ги трошат милионите? Кристијано Роналдо сака скапи автомобили и часовници, Вејн Руни има страст за ко...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg