Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


Долдерер крунисан како светски првак за 2016 година

Во диво и ветровито финале на сезоната, пилотот Матијас Долдерер беше крунисан како прв Германец кој станал светски првак во светското првенство Red Bull Air Race.

dolderer-krunisan-kako-svetski-prvak-za-2016-godina-1.jpg

Лас Вегас (САД) – Австриецот Мат Хол беше единствениот што можеше да го загрози Долдерер во неговата доминација, но по пристигнувањето во Лас Вегас беа констатирани дефекти кои не можеа да се отстранат, па тој му се приклучи на Долдерер на пиедесталот како второпласиран во сезоната, додека Австриецот Ханс Арх кој беше светски првак во 2008 година остана третопласиран и покрај тоа што неговата динамична сезона беше прекинета со трагичната смрт во приватна хеликоптерска несреќа на почетокот од септември.

- Прекрасно е, чувството е фантастично. Колку што тежи трофејот, толку товар ми падна од плеќите,- изјави Долдерер кој освои шест финиши на подиумот, од кои три победи, за да ја освои првата титула во кариерата во петтата сезона како пилот од светското првенство. - Никогаш не можете да достигнете 100%, се обидувавме да бидеме се подобри и подобри, трка по трка, па се надевам дека ќе се вратиме посилни идната сезона. Нема да се откажеме и ќе се обидеме да го одбраниме овој трофеј!

dolderer-krunisan-kako-svetski-prvak-za-2016-godina-2.jpg

Претходно, силните ветришта и налети со брзини од преку 30 јазли (над 50 км/ч) го принудија комесаријатот на трката да го одложи стартот на летечките сесии во Лас Вегас.   Кога условите се нормализираа, пилотите полетаа низ воздушните порти за првата рунда на 14 мастер пилоти, но токму пред крајот, кога требаше да летаат последните двајца, времето повторно се влоши. Бидејќи резултатите од првата рунда на тој начин станаа невалидни, не можеше да бидат прогласени резултати од тркачкиот ден, но позициите на Долдерер и Хол беа обезбедени со поените од претходната трка во Индијанаполис.

- Денеска силниот ветер и налетите го принудија комесаријатот на трката да ги откаже сите летечки сесии. Оваа одлука е одговор на неможноста да работиме во безбедна околина и безбедни летечки услови. Безбедноста е наша првенствена цел, па со налети кои се побрзи од 30 јазли, тоа ги надминува нашите можности да ја одржиме трката на чесен и безбеден начин,- изјави директорот Џим ди Матео.

Овој невообичаен тркачки ден донесе неколку специјални моменти, меѓу кои топло поздравување од страна на целата класа Мастер пилоти на постигнувањата кои ги имаше Најџел Лемб во својата тркачка кариера. Британецот беше светски првак во 2014 година објави дека се повлекува на крајот од оваа сезона која се покажа сурово конкурентна, но тој успеа да освои два подиуми и да постави рекорд на една патека. Во меѓувреме во „Челинџер“ класата уште еден Германец ја освои титулата: Флоријан Бергер беше крунисан како победник во натпреварувањето за предизвикувачите кои го усовршуваат своето пилотирање пред да добијат шанса во елитното друштво.

dolderer-krunisan-kako-svetski-prvak-za-2016-godina-3.jpg

Конечна табела: 1. Матијас Долдерер (Германија) 80,25 бодови, 2. Мат Хол (Австралија) 55,75 бодови, 3. Ханс Арх (Австрија) 41,00 бодови, 4. Најџел Лемб (Велика Британија) 37,75 бодови, 5. Николас Иваноф (Франција) 35,00 бодови, 6. Јошихиде Муроја (Јапонија) 31,50 бодови, 7. Пит МекЛиод (Канада) 30,50 бодови, 8. Кирби Чемблис (САД) 30,25 бодови, 9. Мартин Шонка (Чешка) 25 бодови, 10. Мајкл Гулијан (САД)19,75 бодови.

dolderer-krunisan-kako-svetski-prvak-za-2016-godina-4.jpg

Би можело да ве интересира:

Емотивен говор, маица за почит кон Коби Брајант: Новак Ѓоковиќ ја освои рекордната 24-та Гренд слем ... Новак Ѓоковиќ ја освои 24-тата Гренд слем титула во кариерата и моментално е тен...
Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла ШК Алкалоид го освои петтото место на Светското екипно првенство во шах за сенио...
Петар Заборски од „Макпетрол” освои бронза на светската карате лига во Атина Каратистот на „Макпетрол“, Петар Заборски, се закити со бронзено одличје на турн...
Интернационалниот мајстор Тони Лазов го освои шаховскиот турнир „Шах-шех Вавилон Опен“ Шахистот на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, освои 8 од можни 9 поени и го освои прво...
Каратистите на „Макпетрол“ учествуваа на светската премиер лига во Ларнака Симона Заборска од карате клубот „Макпетрол“ се пласира на седмата позиција на т...
„За мојот народ“ - Македонецот Горјан Славески е новиот светски шампион во борби без ракавици Македонскиот боксер Горјан Гого Славески е новиот светски шампион во борби без р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg