10 правила за однесување на ски терените

Сите кои планираат и зимава да одат на ски терени за било кој спорт, мора да почитуваат неколку правила, заради сопствена и општа безбедност.

10-pravila-za-odnesuvanje-na-ski-terenite-1.jpg

Па така, важно е да запаметите дека ако немате опрема за некаков спорт, местото не ви е на патеките. Одењето среде патека е недозволено, исто како и „искажувањето љубов“ кога сите околу вас се сконцентрирани на скијање.

10 основни Бон-тон правила кои мора да ги почитуваат сите, без исклучоци:

1. Почитувајте ги другите скијачи и спортисти околу вас. Имајте предвид дека не сте сами на патеката.

10-pravila-za-odnesuvanje-na-ski-terenite-2.jpg


2.
Прилагодете ја брзината и начинот согласно вашите знаења и вештини. Почитувајте ги и условите на терените. Никогаш не се залетувајте ако рамништето под стазата е релативно кратко.

10-pravila-za-odnesuvanje-na-ski-terenite-3.jpg


3.
Ако скијате зад некој, ваша одговорност е да внимавате да не го повредите тој пред вас.

10-pravila-za-odnesuvanje-na-ski-terenite-4.jpg


4.
Заобиколувањето на другите може да го направите и од лева и од десна страна, но секогаш на соодветна оддалеченост од барем еден метар.

10-pravila-za-odnesuvanje-na-ski-terenite-5.jpg


5.
Секој скијач кој се вклучува на патеката мора добро да разгледа околу себе и да процени кога е подобро да почека. Ако некој е забрзан, не очекувајте дека ќе закочи заради вас.

10-pravila-za-odnesuvanje-na-ski-terenite-6.jpg


6.
Наглото кочење е недозволено, посебно ако пределот е непредвидлив. Местењето на очилата, косата и шалот не е дозволено додека има луѓе зад вас. Ако паднете пак, поместете се брзо во седечка позиција.

10-pravila-za-odnesuvanje-na-ski-terenite-7.jpg


7.
Одењето и качувањето по патеката е дозволено само по краевите.

10-pravila-za-odnesuvanje-na-ski-terenite-8.jpg


8.
Почитувајте ги знаците поставени за предупредување. Не се смејте дека „не сте автомобил“.

10-pravila-za-odnesuvanje-na-ski-terenite-9.jpg


9.
Должни сте да пружите помош доколку во ваша околина има повреден човек. Исто така должни сте и да го пријавите тоа на надлежните служби во најбрз можен рок.

10-pravila-za-odnesuvanje-na-ski-terenite-10.jpg


10.
Секој кој е сведок на несреќен случај, без оглед на тоа дали самиот ја предизвикал или се нашол во погрешно време на погрешно место, должен е да покаже легитимација доколку тоа се бара од него.

10-pravila-za-odnesuvanje-na-ski-terenite-11.jpg

М. Д. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Петар Заборски од „Макпетрол” освои бронза на светската карате лига во Атина Каратистот на „Макпетрол“, Петар Заборски, се закити со бронзено одличје на турн...
Ретки семејни фотки: Новак Ѓоковиќ ја бакнува сопругата и ги прегрнува децата, по историската победа... Новак и Јелена Ѓоковиќ скоро никогаш не позираат со децата во јавност, но го пре...
Интернационалниот мајстор Тони Лазов го освои шаховскиот турнир „Шах-шех Вавилон Опен“ Шахистот на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, освои 8 од можни 9 поени и го освои прво...
Перо Антиќ се врати во Атланта: Во клубот го пречекаа како ѕвезда, се дружеше со Богдан Богдановиќ „Перо - македонската мамба“, напишаа фановите Перо Антиќ на официјалната Инстагр...
„За мојот народ“ - Македонецот Горјан Славески е новиот светски шампион во борби без ракавици Македонскиот боксер Горјан Гого Славески е новиот светски шампион во борби без р...
Златан Ибрахимовиќ со солзи во очите се пензионира од фудбалот, сопругата ја брише размачканата шмин... „Кога се разбудив утрово и видов дека врне си помислив: ‘Дури и Бог тагува’“ – р...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg