Американците Неш и Транзо доминираа на домашната трка во Бостон

Двократниот светски првак, Камерон Неш, се доближи на чекор до освојување на третиот шампионски наслов со победа на трката во Бостон, прва од светското првенство во екстремен спуст на лизгалки која што се одржа на стадион. Сонародничката Аманда Транзо го дополни успехот на Американците со победа во женска конкуренција од светското првенство Red Bull Crashed Ice.

amerikancite-nesh-i-tranzo-dominiraa-na-domashnata-trka-vo-boston-02 (1).jpg

Неш го започна викендот како јасен фаворит со најдобри времиња на утринските тренинзи, па беше буквално „недопирлив“ и забележа пет победи во низа на сите елиминациски трки во кои што настапи, одржани на 350-метарската патека од вештачки мраз изградена по овој повод. Во екстремниот спуст на лизгалки, натпреварувачките постигнуваат брзини до 80 километри на час, а во секоја трка има по четири натпреварувачи од кои двајца продолжуваат во следната рунда, се до финалето составено од четворицата најбрзи.

amerikancite-nesh-i-tranzo-dominiraa-na-domashnata-trka-vo-boston-03 (1).jpg

Благодарение на силната поддршка од публиката на Фенвеј Парк, Неш ги замолкна ривалите во финалето со најдобар старт и како што тоа често го прави, со водство од почетокот до крајот на трката. На тој начин Неш направи солидна предност во однос на второпласираниот Лука Далаго, кој го престигна актуелниот светски првак Скот Кроксал од Канада во последниот дел од патеката протнувајќи се од внатрешната страна. Французинот Тристан Дужерди беше изненадувачки гостин во оваа специјална забава на мраз, но лизгаше во заветрина.

- Не ни знам што се случуваше, воопшто не се свртев назад, но имав чувство дека ривалите се зад мене. Трката беше добра, а публиката одлична. Се надевам дека ќе имаме уште вакви настани во блиска иднина,- изјави Неш по крајот на трката, замотан во американското знаме.

- Ми се допаѓа патеката, навистина е мошне техничка, има неколку зафркнати делници, така што е вистинска за мене. Судиите на крајот ја прегледуваа снимката за да одлучат кој е третопласиран во финишот, по што го прогласија Кроксал веднаш зад Неш и Далаго. Другите ривали имаа проблематична вечер: победникот од трката во Финска, Кајл Кроксал заврши на 30 место откако беше исфрлен во втората трка каде што победија Дужерди и неговиот тренинг-партнер, Паком Шмит.

Двојниот светски првак во младинска конкуренција, Мирко Лахти, имаше грешка на стартот од трката во четвртфиналето, по што не успеа да се корегира и заврши на 13 место.

- Ви реков и минатата седмица дека ова ќе биде добро шоу, бев гладен за вакво нешто. Минатата недела јас страдав, сега се чувствувам одлично, - додаде Неш, кој на трката во Јиваскила имаше рана елиминација и го загуби водството во генералниот пласман.

Неш има две победи од трите трки кои носеа по 1.000 поени за победа, а до крајот на сезоната има уште две трки кои носат по 500 поени за триумф: Монт ду Лак (САД) и Ла Сар (Канада).

Во женска конкуренција Аманда Транзо беше подеднакво доминантна како и Неш, освојувајќи ја третата победа сезонава. Зад неа се најде Канаѓанката Миријам Трепание и Американката Тамара Мовисен. Швајцарската лизгачка Анаис Моран која на почетокот од сезоната атакуваше и на титулата, немаше сила за повеќе од четвртото место во финалето.

Резултати (мажи): 1. Камерон Неш (САД), 2. Лука Далаго (Австрија), 3. Скот Кроксал (Канада), 4. Тристан Дужерди (Франција), 5. Томи Мерц (САД), 6. Мајкл Јулијанело (САД), 7. Мат Џонсон (САД), 8. Шејн Рејнолд (Канада).

amerikancite-nesh-i-tranzo-dominiraa-na-domashnata-trka-vo-boston-04 (1).jpg

Резултати (жени): 1. Аманда Транзо (САД), 2. Миријам Трепание (Канада), 3. Тамара Мовисен (САД), 4. Анаис Моран (Швајцарија), 5. Жаклин Лежер (Канада), 6. Тамара Каџа (Канада),7. Јунко Јамамото (Јапонија), 8. Макси Планте (Канада).

 

Табела (мажи): 1. Неш 2.250 поени, 2. С. Кроксал 2.250 поени, 3. К. Кроксал 2.125 поени, 4. Л. Далаго 2.028,75 поени, 5. Лахти 1.987,50 поени 6. М. Далаго 1.500 поени, 7. Дан 1.387,50 поени, 8. Толванен 1.320 поени

Табела (жени): 1. Лежер 2.350 поени, 2. Транзо 2.250 поени, 3. Моран 2.225 поени, 4. Трепание 1.925 поени, 5. Каџа 1.875 поени, 6. Јамамото 1.475 поени, 7. Кондроер 1.312,50 поени 8. Синовиец 1.207,50 поени.

Би можело да ве интересира:

Емотивен говор, маица за почит кон Коби Брајант: Новак Ѓоковиќ ја освои рекордната 24-та Гренд слем ... Новак Ѓоковиќ ја освои 24-тата Гренд слем титула во кариерата и моментално е тен...
Ретки семејни фотки: Новак Ѓоковиќ ја бакнува сопругата и ги прегрнува децата, по историската победа... Новак и Јелена Ѓоковиќ скоро никогаш не позираат со децата во јавност, но го пре...
Реакцијата на Дејвид Бекам по голот на Меси + Дали Бекамови се трудат да го освојат Меси преку негов... Викторија ја изнесе Антоанела на вечера, Дејвид ја прегрнува по победата – Дали ...
Интернационалниот мајстор Тони Лазов го освои шаховскиот турнир „Шах-шех Вавилон Опен“ Шахистот на ШК Алкалоид, ИМ Тони Лазов, освои 8 од можни 9 поени и го освои прво...
„За мојот народ“ - Македонецот Горјан Славески е новиот светски шампион во борби без ракавици Македонскиот боксер Горјан Гого Славески е новиот светски шампион во борби без р...
Шаховскиот клуб АЛКАЛОИД ќе учествува на Светскиот сениорски екипен шампионат за ветерани за 2023 го... Најсилното шаховско натпреварување за сениори/ветерани во светот, чија организац...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg