Горан Пандев со емотивна објава за селекторот Ангеловски: „Вие го сплотивте македонскиот народ, направивте да се сакаме како браќа“

„Вие го сплотивте цел македонски народ, вие направивте да се сакаме како браќа во репрезентација и да гинеме еден за друг. Затоа вечно ќе останеш во моето срце“ – му порача капитенот Горан Пандев на селекторот Игор Ангеловски.

Pandev-do-selektorot-Angelovski-Vie-go-splotivte-cel-makedonski-narod-vie-napravivte-da-se-sakame-kako-brakja-01.jpgФото: Инстаграм Горан Пандев

Горан Пандев ја заврши импресивната фудбалска кариера во македонската репрезентација со натпреварот што во понеделникот се одигра помеѓу репрезентациите на Македонија и Холандија. Тој тогаш рече дека не можел да замисли подобар миг за неговото пензинирање од македонската репрезентација.

„Денес (24.06) на својот Инстаграм профил упати емотивна порака токму до селекторот Игор Ангеловски под чие водство Македонија за првпат доби репрезентација што ја претставуваше земјата на Европското фудбалско првенство.

„На 20.20.2015 прв пат кога се сретнавме во твоите очи видов енергија, сигурност и голема желба да ја вратиш репрезентацијата во живот… Ги памтам твоите зборови кога рече дека ќе направите од репрезентацијата една голема фамилија и дека вашата цел е Македонија да се пласира на Европско првенство.

Сите овие години не беше лесно имаше многу препреки, но ти гордо ја чуваше нашата фамилија … Шефе благодарам е малку да ти кажам. Вие го сплотивте цел македонски народ, вие направивте да се сакаме како браќа во репрезентација и да гинеме еден за друг. Затоа сакам да ти кажам дека вечно ќе останеш во моето срце“ - напиша Пандев на Инстаграм.

Pandev-do-selektorot-Angelovski-Vie-go-splotivte-cel-makedonski-narod-vie-napravivte-da-se-sakame-kako-brakja-02.jpg

Инаку, нашата репрезентација го заврши учеството на првенството, но сепак нашите момци нѐ направија горди со нивниот успех. На третиот натпревар за Македонија на Европско нашите фудбалери играа против Холандија беа поразени со резултат 3:0 за Холандија.

Но, ова учество е од историско значење за нашата држава.

Pandev-do-selektorot-Angelovski-Vie-go-splotivte-cel-makedonski-narod-vie-napravivte-da-se-sakame-kako-brakja-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„За мојот народ“ - Македонецот Горјан Славески е новиот светски шампион во борби без ракавици Македонскиот боксер Горјан Гого Славески е новиот светски шампион во борби без р...
Секоја чест! Македонката Катерина Ацевска е европска вицешампионка во џиу-џицу Македонија има убави вести за славење, нашата Катерина Ацевска го освои сребрени...
Шаховскиот клуб АЛКАЛОИД ќе учествува на Светскиот сениорски екипен шампионат за ветерани за 2023 го... Најсилното шаховско натпреварување за сениори/ветерани во светот, чија организац...
Браво! Бодибилдерката Мери Акиевска трета година по ред ѝ донесе злато на Македонија (видео) „По третпат успеваме заедно да ја одбраниме оваа преголема титула“ – порача на И...
Машката сениорска карате репрезентација доби признание за врвен спортски резултат Репрезентативците на сениорскиот карате тим на Македонија кои освоија бронзен ме...
„Не доби црвен картон затоа што е Меси“ – Фудбалерот е хит на Твитер откако се степа на теренот На Меси не му се допаѓа кога ги навредуваат колегите од неговата репрезентација....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg