Бодибилдерката Мери Акиевска ѝ донесе светско злато на Македонија: „Четирипати ечеше химната, плачев од среќа“

Со четири титули и златни медали, Мери Акиевска се враќа како апсолутен победник од Санта Сузана, Шпанија, каде учествуваше на 75-тото светско првенство во бодибилдинг и фитнес.

meri-akievska-i-donese-zlato-na-makedonija-chetiri-pati-echeshe-himnata-chetiri-pati-plachev-od-srekja-01.jpg

Мери Акиевска (22) од Крива Паланка учествуваше на Светското првенство во бодибилдинг и фитнес што се одржа во периодот од 3-8 ноември во Санта Сузана, Шпанија.

Нејзиниот тренер Бобан Ѓороски на Инстаграм сподели повеќе објави за успесите на Мери, во кои напомена дека на натпреварот учествувале 102 држави од целиот свет и повеќе од 1500 натпреварувачи.

„Во силна конкуренција, Мери Акиевска постигна неверојатен успех, победувајќи во својата категорија до 163 cm висина кај јуниорите и сениорите, но успеа да стане и апсолутен победник и во двете категории, победувајќи ги шампионите од другите висински категории“ – напиша Ѓороски.

View this post on Instagram

A post shared by Бобан Ѓороски (@gjoroski)

Мери сподели повеќе фотографии на социјалните мрежи и напиша емотивен текст:

„Чувството не може да се опише. Четирипати ечеше химната на Македонија. Четирипати капеа солзи од среќа. Македонија го освои Светското злато Јуниорска, Сениорска Категорија со две Апсолутни во двете категории.

Луѓенца пресреќна сум, Ви благодарам на целосната поддршка и што бевте покрај мене… Сега можам да одморам и да си каснам и јас малку вкусна храна, годинава ја завршивме со многу златни титули благодарност на мојот тренер@gjoroski најпривин покрај него бев најдобар ученик и Шампион“.

Мери Акиевска по потекло е од Крива Паланка, а со бодибилдинг почнала да се занимава од 2017-та година.

Истата година таа го имала првото натпреварување на европско ниво во Унгарија од каде се вратила со освоено трето место во категоријата бикини.

Во 2019-та година го освои Купот на Македонија во категоријата Wellness јуниори.

Во продолжение погледнете повеќе нејзини фотографии:

https://www.instagram.com/p/CV03W9osxDB/?utm_source=ig_web_copy_link

https://www.instagram.com/p/CVLzEbGMLC2/?utm_source=ig_web_copy_link

https://www.instagram.com/p/CU7-NmKsjhH/?utm_source=ig_web_copy_link

https://www.instagram.com/p/CS4TqkOM26I/?utm_source=ig_web_copy_link

https://www.instagram.com/p/CSy7QcTswQa/?utm_source=ig_web_copy_link

https://www.instagram.com/p/CShmwlmMPBF/?utm_source=ig_web_copy_link

https://www.instagram.com/p/CLceJgGrXYO/?utm_source=ig_web_copy_link

https://www.instagram.com/p/CSRoGLeMYnG/?utm_source=ig_web_copy_link

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Живее во дрвен бунгалов, не може да најде девојка – Што знаеме за Карлос Алкарaз, момчето што го поб... Татко му сакал да биде тенисер, но немал доволно финансии, па затоа станал трене...
Браво! Бодибилдерката Мери Акиевска трета година по ред ѝ донесе злато на Македонија (видео) „По третпат успеваме заедно да ја одбраниме оваа преголема титула“ – порача на И...
Новак Ѓоковиќ по поразот низ солзи му се обрати на синот Стефан: „Мило ми е што си тука и се смееш“ „Драго ми е што мојот син е и понатаму овде и што се смее“ – рече Новак Ѓоковиќ ...
Секоја чест! Македонката Катерина Ацевска е европска вицешампионка во џиу-џицу Македонија има убави вести за славење, нашата Катерина Ацевска го освои сребрени...
Машката сениорска карате репрезентација доби признание за врвен спортски резултат Репрезентативците на сениорскиот карате тим на Македонија кои освоија бронзен ме...
Шпанскиот ракометар Гурбиндо доби ќерка со сопругата Македонка - чекаа еден месец за да ги објават у... Во Македонија ја најде љубовта на својот живот, а сега шпанскиот ракометен репре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg