Лихтенштајн ги „растуривме“ со 11 гола, со Данска гол во 4-та минута: Моменти од македонскиот фудбал со кои се гордееме (видео)

Повозрасните го помнат легендарниот гол од корнер на Шаќири, против Лихтенштајн сме постигнале најмногу голови, а сите беа изненадени кога на тогашниот европски првак Данска му дадовме гол во 4-тата минута од натпреварот. Моменти од македонскиот репрезентативен фудбал со кои се гордееме. 

lihtenshtajn-gi-rasturivme-so-11-gola-so-danska-gol-vo-4-ta-minuta-momenti-od-makedonskiot-fudbal-so-koi-se-gordeeme-video-01.jpg

Минатиот четврток македонската фудбалска репрезентација го победи моменталниот европски првак Италија во натпреварот што се одигра во Палермо, а во минатото сме имале повеќе интересни настани во фудбалот со кои се гордееме.

Додека со нетрпение го очекуваме исходот од натпреварот против Португалија, што ќе се одигра во Порто и кој ќе одлучи дали ќе обезбедиме учество на Светското Првенство во Катар, да се потсетиме во продолжение на некои од највпечатливите мигови од историјата на македонската фудбалска репрезентација со кои се гордееме.

Дополнете во коментар доколку и вие се сетите на некој момент што сме го пропуштиле.

Со Данска гол во 4-та минута

На 7-ми септември 1994-та година Македонија играше на квалификациите за Европското Првенство во 1996-та година. Европскиот првак Данска беше во Скопје, а во 4-тата минута од натпреварот Митко Стојковски даде гол за водство. Натпреварот заврши нерешено 1:1.

Со Лихтенштајн резултат 1: 11

Највисоката победа во историјата македонската фудбалска репрезентација ја има забележано во 1998-мата година кога го совлада Лихтенштајн со резултат од 1:11.

Гол во 93-та минута против Ирска

Во 1999-та година во квалификациите за Европското првенство македонската фудбалска репрезентација играше против Ирска. Иако мечот заврши нерешено со резултат од 1:1, долго ќе се памети голот што Горан Ставрески го даде во 93-тата минута.

Гол од корнер против Англија

Еден од највпечатливите мигови во македонската фудбалска историја е голот од корнер што Артим Шаќири го даде на натпреварот против Англија во 2003-тата година, на натпреварот со репрезентацијата на Англија.

Два гола против силниот состав на Хрватска

Во 2007-мата година македонската репрезентација успеа да извојува победа со резултат 2:0 против Хрватска која дојде со голем број звучни имиња како Плетикоса, Шимиќ, браќата Ковач, Модриќ...

Победа против Грузија за учество на Европско Првенство

Со резултат 1:0 Македонија во 2020-тата година ја совлада Грузија и за првпат обезбеди пласман на Европското Првенство.

Победа над Германија

Во 2021-вата година со головите на Пандев и Елмаз Македонија ја победи Германија.

Победа над Италија

Годинава македонската репрезентација извојува победа над моменталниот европски првак Италија со голот на Александар Трајковски во 92-та минута.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Шахистите на „Алкалоид“ петти во светот, сребрен медал за Недев на втората табла ШК Алкалоид го освои петтото место на Светското екипно првенство во шах за сенио...
Емотивен говор, маица за почит кон Коби Брајант: Новак Ѓоковиќ ја освои рекордната 24-та Гренд слем ... Новак Ѓоковиќ ја освои 24-тата Гренд слем титула во кариерата и моментално е тен...
Ретки семејни фотки: Новак Ѓоковиќ ја бакнува сопругата и ги прегрнува децата, по историската победа... Новак и Јелена Ѓоковиќ скоро никогаш не позираат со децата во јавност, но го пре...
Реакцијата на Дејвид Бекам по голот на Меси + Дали Бекамови се трудат да го освојат Меси преку негов... Викторија ја изнесе Антоанела на вечера, Дејвид ја прегрнува по победата – Дали ...
Секоја чест! Македонката Катерина Ацевска е европска вицешампионка во џиу-џицу Македонија има убави вести за славење, нашата Катерина Ацевска го освои сребрени...
Вирално видео: Девојка заврши со скршен нос откако Мбапе ја удри со топка - тој истрча да ѝ помогне,... „Му станува навика да ги крши носовите на обожавателите“ – коментираат дел од тв...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg