Хит видео од момче во Белград: „Вечер Србија ќе го победи Бразил 3-0, а Нејмар ќе плаче како бебе“

На Твитер вирално се споделува снимка од интервју на момче во Белград, кое предвидува како ќе помине вечерашниот дуел помеѓу Србија и Бразил на Светското во Катар: „Митровиќ ќе постигне 2 гола за старт, а во второто полувреме Влаховиќ ќе го постигне голот, а Нејмар ќе падне и ќе плаче како бебе“. Кои се вашите предвидувања?

hit-video-od-momche-vo-belgrad-vecher-srbija-kje-go-pobedi-brazil-3-0-a-nejmar-kje-plache-kako-bebe-01.jpg

Вечерва (24.11.2022) ќе се одржи долгоочекуваниот дуел помеѓу Србија и Бразил и можеби најтешкиот предизвик за репрезентацијата на Србија со оглед на тоа што Бразилците се фаворити на Светското првенство во Катар.

Сепак, Србите не покажуваат воопшто страв од бразилската репрезентација, а освен селекторот Драган Стојковиќ Пикси, истото го мислат и српските навивачи.

На Твитер вирално се шири видео од момче од Србија, кое е интервјуирано во Белград од страна на ESPN, a на прашањето на водителот за тоа кои се неговите очекувања за мечот, тој вели:

„Мислам дека Србија ќе го победи Бразил со 3-0. Митровиќ ќе постигне 2 гола за старт, а во второто полувреме Влаховиќ ќе го постигне голот, а Нејмар ќе падне и ќе плаче како бебе“.

View this post on Instagram

A post shared by Fudbal Reprezentacija Srbije (@fudbalska_srbija)

Погледнете го видеото:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Живее во дрвен бунгалов, не може да најде девојка – Што знаеме за Карлос Алкарaз, момчето што го поб... Татко му сакал да биде тенисер, но немал доволно финансии, па затоа станал трене...
Ретки семејни фотки: Новак Ѓоковиќ ја бакнува сопругата и ги прегрнува децата, по историската победа... Новак и Јелена Ѓоковиќ скоро никогаш не позираат со децата во јавност, но го пре...
Каратистите на „Макпетрол“ учествуваа на светската премиер лига во Ларнака Симона Заборска од карате клубот „Макпетрол“ се пласира на седмата позиција на т...
Вирално видео: Девојка заврши со скршен нос откако Мбапе ја удри со топка - тој истрча да ѝ помогне,... „Му станува навика да ги крши носовите на обожавателите“ – коментираат дел од тв...
„Не доби црвен картон затоа што е Меси“ – Фудбалерот е хит на Твитер откако се степа на теренот На Меси не му се допаѓа кога ги навредуваат колегите од неговата репрезентација....

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg