„Победи затоа што маж ѝ е милијардер“ – Русинката прогласена за „Мис омажена жена“ стана мета на критики (фото)

„Колку вотка треба да имаш испиено за оваа жена да ти е најубава?“, гласи еден од коментарите за Наталија Оскар, која победи на рускиот избор „Мис омажена жена“, па се соочи со низа критики откако ја доби круната.

najubava-e-zatoa-shto-mazh-i-e-milijarder-najubavata-omazhena-zhena-vo-rusija-e-meta-na-kritiki-foto-01.jpg

На почетокот на овој месец во Русија се одржа избор за најубава омажена жена, а титулата годинава ја зема Наталија Оскар (34). Според неа, таа заслужено ја добила титулата, а според јавноста нејзиниот успех се должи на богатството на нејзиниот сопруг.

najubava-e-zatoa-shto-mazh-i-e-milijarder-najubavata-omazhena-zhena-vo-rusija-e-meta-na-kritiki-foto-02.jpg

Наталија, откако победи на изборот за убавина на 5-ти јуни се стекна со право да настапува на изборот за Мис на светот во Лас Вегас, а дополнително доби и патување на Бали.

„Има многу убави жени, но убавината не е доволна. Ни правеа тестови за сѐ: како се изразуваме, како се претставуваме себеси, какви ставови имаме за семејството и за светот, како реагираме на провокации, комуникацијата со другите натпреварувачки, дали знаеме да се справиме со конфликти и во стресни ситуации.

Да, ја избраа најсилната претставничка. Јас сум таа. И ќе ја носам титулата со гордост, додека ја претставувам мојата земја на интернационалните натпреварувања“ – рече таа.

najubava-e-zatoa-shto-mazh-i-e-milijarder-najubavata-omazhena-zhena-vo-rusija-e-meta-na-kritiki-foto-03.jpg

Но, според многумина нејзината победа на изборот за најубава омажена жена е незаслужена и наместена.

Вистинско презиме на победничката е Безматерних и таа е сопруга на рускиот милијардер Роман Безматерних (45), за кого подоцна се дозна дека бил и еден од спонзорите на настанот.

najubava-e-zatoa-shto-mazh-i-e-milijarder-najubavata-omazhena-zhena-vo-rusija-e-meta-na-kritiki-foto-08.jpg

Според јавноста Наталија не би требало воопшто да се натпреварува бидејќи е значително пониска од она што го пропишуваат правилата на изборот, а дополнително ѝ замеруваат и заради тоа што на Инстаграм објавува совршени фотки, кои воопшто не соодвествуваат со реалноста.

На фотографиите од изборот може да се забележи разликата во лицето на Наталија и јасно е дека „убавината“ ја добила благодарение на естетски корекции.

„Колку вотка треба да имаш испиено за оваа жена да ти е најубава?“, „Сигурно бираа мис најголеми усни“, „Победи ужасната убавина“ – стои во дел од коментарите на Твитер.

najubava-e-zatoa-shto-mazh-i-e-milijarder-najubavata-omazhena-zhena-vo-rusija-e-meta-na-kritiki-foto-04.jpg

Коментарите на социјалните мрежи беа толку многу гласни, што на крај се огласи и организаторката на настанот Ирина Кирсанова, која рече:

„Фотографиите од настанот беа неуспешни, не ја прикажаа во вистинско светло и ја сликале од долу. Во живо таа е целосно поинаква. Сите во жирито ја видоа во живо и на сите им се допадна.

Годинава одлучивме да ги намалиме критериумите, затоа што ова не е натпревар за модели, туку за омажени жени и мајки“ – рече таа.

najubava-e-zatoa-shto-mazh-i-e-milijarder-najubavata-omazhena-zhena-vo-rusija-e-meta-na-kritiki-foto-05.jpg

Малку се знае за животот на Наталија пред да се омажи за рускиот милијардер, а за себе таа вели дека работи како професорка по англиски, иако според објавите на Инстаграм целото време го поминува во патувања на луксузни дестинации со сопругот и ќерката.

Повеќе фотки од Наталија на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg