Има деца и на Балканот, мајките стравуваат од инцести – Кој е Холанѓанецот кој што има 550 деца и му е забрането да донира сперма?

Ако продолжи да донира сперма, Холанѓанецот ќе мора да плати казна од 100.000 евра. Вкупно 550 деца може да се „пофалат“ дека убавецот со руса коса и сини очи е нивен биолошки татко. Мајките стравуваат дека ваквото однесување ги става во ризик нивните деца да влезат во инцестуозни врски, а тој најави дека наскоро доаѓа во посета на Балканот.

ima-deca-i-na-balkanot-majkite-stravuvaat-od-incesti-koj-e-holangjanecot-koj-shto-ima-550-deca-i-mu-e-zabraneto-da-donira-sperma-01_copy.jpg

Холанѓанецот Јонатан Јакоб Мејер (42) е познат по тоа што денес има вкупно 550 биолошки деца, така што со години наназад донирал сперма преку приватни клиники, но и преку Фејсбук групи за родители што сакале да добијат деца.

Јонатан во 2007-ма година почнал да донира сперма во 11 клиники, а ги лажел сите. Во секоја од клиниките тврдел дека ќе донира сперма само кај нив, а на мајките им тврдел дека досега има само околу 10-тина деца.

Но, откако се дозна колку многу деца има и откако родителите почнаа да стравуваат дека нивните деца без знаење би можеле понатаму во животот да влезат во инцестуозни врски, Јонатан се најде пред судот во Хаг.

ima-deca-i-na-balkanot-majkite-stravuvaat-od-incesti-koj-e-holangjanecot-koj-shto-ima-550-deca-i-mu-e-zabraneto-da-donira-sperma-02_copy.jpg

Мајката Ева, која забременила со негова помош во април годинава го тужеше затоа што верува дека тој го зголемил ризикот нејзиното дете да има инцестуозна врска.

„Да знаев дека тој веќе има повеќе од 100 деца никогаш немаше да го изберам. Размислувам за последиците што би можеле да му се случат на моето дете и ми се лоши.

Голем број мајки му рекле дека мора да престане, па затоа одењето на суд е единствен начин за да го заштитам своето дете“ – рече таа по судењето.

Во рамки на судењето, на Јонатан му беше наредено да престане да донира сперма, инаку во спротивно би можел да плати казна од 100.000 евра.

ima-deca-i-na-balkanot-majkite-stravuvaat-od-incesti-koj-e-holangjanecot-koj-shto-ima-550-deca-i-mu-e-zabraneto-da-donira-sperma-04.jpg

Прашан зошто сака да има толку многу деца во животот, Јонатан го даде следниот одговор:

„Сакам да направам нешто значајно во животот. Признавам дека ги лажев жените и тоа беше погрешно, но сакав да им помогнам“.

ima-deca-i-na-balkanot-majkite-stravuvaat-od-incesti-koj-e-holangjanecot-koj-shto-ima-550-deca-i-mu-e-zabraneto-da-donira-sperma-05.jpg

Мајките што забремениле со помош на неговата семена течност, најчесто имаат деца со руса коса и светло сини очи, а веќе се обединуваат и контактираат во посебна група на Фејсбук.

Според проценките, Јонатан има 375 деца во Холандија, 80 во Германија, 35 во Белгија, 4 во Аргентина и 2 во Австралија, а вели дека еден ден сака да има свое семејство со 5 деца.

Интересно е што според судската пресуда, Јонатан може да им помогне на мајките што веќе имаат негово дете, па по пресудата ѝ „помогнал“ на уште една жена во Холандија, а овој месец планира да ги посети Италија и Србија каде што живеат мајките на некои негови деца.

ima-deca-i-na-balkanot-majkite-stravuvaat-od-incesti-koj-e-holangjanecot-koj-shto-ima-550-deca-i-mu-e-zabraneto-da-donira-sperma-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брачен пар, кој не сака деца пред да го прошета светот, е мета на осуда: „Прво сакаме да уживаме во ... „Сакаме деца еден ден, но прво сакаме да уживаме во слободата. Не попуштаме под ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Се борам да сврзам крај со крај за да купам храна за децата, но тоа не значи дека сум лоша мајка“ „Стигнав до касата и немав доволно пари за да платам. Луѓето почнаа да зјапаат в...
Момче (10) се ожени со својата детска љубов, 12 дена пред таа да почине од леукемија „Повеќето деца сакаат да одат во Дизниленд, но таа отсекогаш сакаше да биде сопр...
„Ангелот на смртта“ - Жена од САД отворила клиника за гладни деца во Уганда, ги лекувала без лиценца... Тврдејќи дека била испратена на мисија од Бог, Американката Рене отворила клиник...
„Ја мрази мојата работа, но и мене зошто си ја сакам работата“ – Канадскиот премиер за сопругата од ... „Постојат мигови кога таа ја мрази мојата работа и ме мрази мене што си ја сакам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg