Жена купила 3 куќи на Сицилија за 3 евра – Во каква состојба се продаваат куќите од 1 евро? (видео)

Руинирани простории, кои имаат очајна потреба за реновирање и реставрација... Погледнете ја видео снимката од внатрешноста на познатите италијански куќи што се продаваат по 1 евро. Што може да очекувате ако купите ваков дом на југот на Италија?

brazilka-kupila-3-kukji-na-sicilija-za-3-evra-video-od-kukjite-vo-italija-shto-se-prodavaat-za-1-evro-01.jpg

Рубиа Даниелс (49) од Калифорнија, САД, која по потекло е од Бразил, отпатувала во градот Мусомели на Сицилија, откако слушнала дека таму може да купи евтини куќи по цена од 1 евро, а во 2019-та година за 3 евра купила вкупно три руинирани куќи што сѐ уште ги реновира.

Таа вели дека кога првпат слушнала за евтините куќи што се продаваат во италијанските гратчиња морала да оди и да види за што се работи.

„Бев возбудена. Тоа е нешто што мора да го видиш за да бидеш сигурен дека е вистина.

Направив истражување и за 3 дена имав билет за авион, резервирав автомобил, соба во хотел и заминав“ – раскажува за Insider, Рубиа.

brazilka-kupila-3-kukji-na-sicilija-za-3-evra-video-od-uzhasnata-sostojba-na-kukjite-shto-se-prodavaat-po-1-evro-02_copy.jpg

Патувањето во Мусомели траело 10 дена, а таа од Сицилија си заминала како сопственичка на 3 куќи од по едно евро.

Рубиа по потекло е од Бразил, а во САД се преселила пред 30-тина година, но вели дека атмосферата во Италија ја потсетила на нејзиниот дом од детството.

„Во Италија луѓето беа мошне љубезни и секој сакаше да пие кафе со мене.

Агентите за недвижности се однесуваа како да сум им сестра, беа со мене секој ден додека бев таму“ – раскажува таа и додава дека многу ѝ се допаднала богатата историја на гратчето, а ѝ се допаднала идејата да се посвети на реставрирање на напуштен дом.

brazilka-kupila-3-kukji-na-sicilija-za-3-evra-video-od-uzhasnata-sostojba-na-kukjite-shto-se-prodavaat-po-1-evro-03.jpg

Едната куќа ќе биде уметничка галерија, втората треба да биде дом за Рубиа, а третата е најголем проект кој сака да го претвори во велнес центар и на тој начин да даде свој придонес за општеството.

Рубиа почнала веднаш да работи на реставрација на куќите, но работењето извесен период било ставено на пауза заради пандемијата, а таа дел од годината го минувала во Калифорнија, а дел во Италија.

brazilka-kupila-3-kukji-na-sicilija-za-3-evra-video-od-uzhasnata-sostojba-na-kukjite-shto-se-prodavaat-po-1-evro-04.jpg

Инаку, во 2021-ва година 9 мали гратчиња во јужниот дел на Италија кои имаат помалку од 2.000 жители понудија да им платат на младите луѓе (до 40 години) по 35.000 евра ако одлучат да се преселат таму.

Освен тоа голем број гратчиња нудат куќи по цена од 1 евра, кои се мошне привлечни за луѓето од целиот свет.

На YouTube е објавено видео на кое се гледа каква е вообичаено состојбата на овие напуштени домови и на што треба да бидете подготвени ако размислувате да се преселите на југот на Италија и да купите куќа од 1 евро.

Едно е сигурно, сигурно нема да поминете многу евтино со реновирањето:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
„По 8 спонтани абортуси конечно добив син – сопругот ја продаде колекцијата патики за да платиме ин-... „Не бев сигурна дека некогаш ќе добијам бебе, а сега го држам во раце“ – вели же...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„Ја мрази мојата работа, но и мене зошто си ја сакам работата“ – Канадскиот премиер за сопругата од ... „Постојат мигови кога таа ја мрази мојата работа и ме мрази мене што си ја сакам...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg