Инфлуенсерка од Германија потрошила 150.000 евра за операции за издолжување на нозете: „Бившиот ме натера, сега жалам“ (фото)

Инфлуенсерката Тереса од Германија направила две операции за издолжување на нозете, поради што сега е 13-тина сантиметри повисока. Наводно, бившиот сопруг ја натерал да ги направи операциите, но откако се разделиле, почнала да жали за одлуката.

influenserka-od-germanija-potroshila-150-000-evra-za-operacii-za-izdolzhuvanje-na-nozete-bivshiot-me-natera-sega-zhalam-foto-01.jpg

Тереса Фишер од Хамбург, Германија е Инстаграм инфлуенсерка со над 140.000 следбеници.

Она што привлекува најмногу внимание кај Тереса е тоа што потрошила над 150.000 евра за операции за издолжување на нозете.

Со овие операции, сега Тереса е за 13-тина сантиметри повисока.

Операциите за издолжување на екстремитетите може да се направат поради здравствени проблеми, но некои луѓе, како Тереса, ги прават од естетски причини.

Операцијата може да предизвика многу болки, бидејќи хирурзите буквално ги кршат коските на два дела, па додаваат специјални шипки за да ги издолжат.

По операцијата за издолжување нозе, пациентите не можат да одат неколку недели.

31-годишната Тереса пред операцијата била висока 167 сантиметри, а сега има околу 180 сантиметри.

Таа вели дека поранешниот сопруг ја натерал да ја направи операцијата.

„Ми рече ’Тереса, знаеш дека сакам големи девојки. Па, би сакал да ја направиш операцијата. Можеш да станеш повисока и за 14 сантиметри‘“.

Инфлуенсерката додава дека не ни знаела дека постојат вакви операции пред бившиот да ѝ ја предложи.

Тереса ја направила првата операција на 24-годишна возраст, а во март 2022-ра направила уште една. За двете операции платила над 150.000 евра.

Тереса и сопругот се запознале во 2015-та, а се разделени од неодамна, но не е познато зошто.

За германскиот медиум Bild, Тереса изјави дека сега жали за операцијата.

„Засрамена сум бидејќи се согласив на операција која не требаше да ја направам“.

Пред да се раздели од сопругот, пак, Тереса тврдеше дека е среќна за операцијата.

„Сексуалниот живот ми е многу подобар. Станав многу пофлексибилна. Сега сум среќна и задоволна со изгледот на моите нозе, но добивам многу злобни коментари на интернет. Ова ме повредува“.

Тогаш Тереса изјави дека во тинејџерските години била жртва на булинг поради изгледот, па операцијата ѝ ја вратила самодовербата.

Повеќе фотки од Тереса на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Бизарна опсесија: Близначки потрошиле над 160.000 евра на пластични операции за да личат на Барби (ф... Близначки од Англија потрошиле над 160.000 евра за пластични операции и козметич...
„Освоив 172 милиони евра на лото - Како добивката ми го уништи животот?“ Родителите престанале да разговараат со неа затоа што сметале дека не им дала до...
„Ангелот на смртта“ - Жена од САД отворила клиника за гладни деца во Уганда, ги лекувала без лиценца... Тврдејќи дека била испратена на мисија од Бог, Американката Рене отворила клиник...
„Направив операција за издолжување на нозете – не можам да спијам од болка, но ќе бидам 10cm повисок... Инфлуенсер од Колумбија ја направил „најболната операција во светот“ бидејќи сак...
Има 39 години, потекнува од Иран – Која е новата Мис Германија (и зошто ја критикуваат)? Годинешната победничка за избор на Мис Германија има 39 години, работи како архи...
„Имав операција за намалување на градите, но пак ми пораснаа по 8 години“ – јога инструкторка со нео... „Цела бев во завои и не можев да ги кренам рацете неколку недели. Бев неколку де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg