Жена се породила во авион, пред да полета од Истанбул – Патниците во исчекување гледаат што ќе се сучи (видео)

Жена се породила во авион непосредно пред да полета од Истанбул кон Марсеј. Летот бил одложен, а според видеото од настанот, патниците нетрпеливо го исчекувале доаѓањето на новиот „патник“.

zhena-se-porodi-pred-avionot-da-poleta-od-istanbul-za-marsej-patnicite-ischekuvaat-da-vidat-shto-kje-se-sluchi-video-01.jpg

На социјалните мрежи масовно се споделува видео на кое се гледа како патниците на лет на авиокомпанијата Pegasus чекале авионот да полета, откако една од патничките добила контракции и почнала да се породува.

Во видеото се гледа како патниците се поткреваат од седиштата за да видат што се случува, додека болничкиот персонал ѝ помага на патничката да го донесе на свет своето бебе.

View this post on Instagram

A post shared by WooGlobe (@wooglobe)

Како што соопштуваат турските медиуми, инцидентот се случил на почетокот на месецов, на аеродромот Sabiha Gökçen во Истанбул, кога жената ненадејно добила контракции. По ова, патничката била пренесена во посебен дел од авионот каде болничкиот персонал ѝ помогнал да се породи, а по раѓањето бебето веднаш било пренесено во болница.

Интересно е што овој настан се случил на денот кога авиокомпанијата го пуштила во употреба својот 100-ти авион по повод 100-годишнината од формирањето на Турската Република.

Од авиокомпанијата споделија фотографија на која се гледа новороденчето.

zhena-se-porodi-pred-avionot-da-poleta-od-istanbul-za-marsej-patnicite-ischekuvaat-da-vidat-shto-kje-se-sluchi-video-02.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Морничаво видео: Исплашен патник снима откако Boeing авион почнал да паѓа надолу Од јануари, неколку Boeing авиони се соочија со инциденти вклучувајќи запален мо...
Вирално видео: Змија ги исплаши патниците во авион во Тајланд, стјуард едвај успеа да ја фати Вистинска драма се случувала на летот од Бангкок до островот Пукет во Тајван, ко...
„Ангелот на смртта“ - Жена од САД отворила клиника за гладни деца во Уганда, ги лекувала без лиценца... Тврдејќи дека била испратена на мисија од Бог, Американката Рене отворила клиник...
Вознемирувачки видеа: Патник ја отворил вратата среде лет со авион во Кореја –  има повредени Сите цврсто се држат за седиштата и чекаат конечно авионот да слета... Ова може ...
Жена ја оставила ќерка ѝ (5) сама во хотел на Мајорка за да се забавува: „Пиеше од утро до мрак, тур... Негрижата на мајка од Ирска ја разбранува јавноста – 45-годишната жена била на о...
„Сакам да си најдам маж кој ќе ме финансира, а јас само да си седам дома и да ги чувам децата“ „Се знае - мажот се грижи за жената, а таа се грижи за децата. Мажот со кој ќе б...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg