Американска премиера на „М“ на Вардан Тозија во срцето на Њујорк

Македонскиот филм „М“ на режисерот Вардан Тозија денес ја има својата премиера во САД на фестивалот „DANCES WITH FILMS“ „DANCES WITH FILMS” е во моментот еден од најзначајните гласови на независната филмска индустрија надвор од Холивуд.

amerikanska-premiera-na-m-na-vardan-tozija-vo-srceto-na-njujork-01.jpg

По 25 години одржување во легендарниот Chinese Theatre во Лос Ангелес, фестивалот се сели во срцето на Њујорк, повторно на култна локација – Regal Union Square Theatre во Менхетен. Според USA Тoday, фестивалот се вбројува меѓу “десетте најзначајни филмски настани на северноамериканскиот континент“, според CNN, важи за “лидер во позиционирање на свежи и нови таленти на филмската индустрија“, додека Indiewire го препознава како “нашироко признаен поради откривањето на иновативниот дух и талент во независната кинематографија“...

Приказната на Тозија за осамено момче од шумата, кое наидува на низа предизвици и авантури, барајќи ја својата самовила, токму на официјалната селекција на овој фестивал ќе ја претставува македонската кинематографија пред американската публика.

По премиерата, ќе се одржат дискусии меѓу режисерот и членови на индустријата, како и разговори со публиката. Светските права за дистрибуција на македонскиот филм “М“ ги поседува американската компанија OneTwoThree Media.

Би можело да ве интересира:

Момче (10) се ожени со својата детска љубов, 12 дена пред таа да почине од леукемија „Повеќето деца сакаат да одат во Дизниленд, но таа отсекогаш сакаше да биде сопр...
Емотивно видео: Девојче со тешки изгореници на главата конечно има коса - мајка ѝ ја донираше својат... „Преубава си Ем... Можеме да правиме плетенки, да врзуваме опавче, сè што сакаш“...
Невеста е исмеана откако сама си направила торта за својата свадба Во време кога свадбите и свадбените торти чинат цело богатство, девојка од Австр...
„Косата на најдобрата другарка на ќерка ми е полна со вошки, а мајка ѝ е веган и не сака да ги убие ... „Косата на девојчето, кое е најдобра другарка на ќерка ми, е полна со вошки. Реш...
„Ја продавам мојата користена долна облека - заработувам над 4.000 евра месечно“ „Еден клиент сакаше само да зготвам оброк додека ја носам долната облека. Ништо ...
„Ѝ го ризикуваш животот“ - Мајка ја однела 10-месечната ќерка на фестивал за метал музика и стана ме... „На некои луѓе не им е јасно колку метеж има и колку опасен може да биде овој фе...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg