Бизарно: Бразилка е „во брак“ со кукла, вели дека имаат и „деца“

Во 2018 година, млада Бразилка привлече внимание во родната земја откако откри дека „се венчала“ со кукла. Дел од јавноста смета дека не е во ред што семејството ѝ дозволува да живее во илузија, но многумина сметаат дека таа само нашла начин да привлекува внимание со приказната, додека самата е свесна колку лудо звучи. Бизарно, зарем не?

bizarno-brazilka-e-vo-brak-so-kukla-veli-deka-imaat-i-deca-01.jpg

39-годишната Меиривоне Роша Мораеш од Бразил ја шокира јавноста кога во 2018 година реши да „се омажи“ со кукла по име Марсело, која ја добила на подарок од својата мајка, откако ѝ се пожалила дека се чувствува осамено бидејќи нема партнер.

Кратко по „венчавката“, таа откри дека има уште една, помала кукла која ја чувала како дете.

bizarno-brazilka-e-vo-brak-so-kukla-veli-deka-imaat-i-deca-03.jpg

Сега, Бразилката повторно е во центарот на вниманието бидејќи откри дека „го проширила семејството“, па сега има уште две идентични кукли кои ги нарекува свои ќерки-близначки.

bizarno-brazilka-e-vo-brak-so-kukla-veli-deka-imaat-i-deca-04.jpg

Меиривоне има Инстаграм профил со над 140.000 следбеници каде што споделува фотки од секојдневието и нејзиниот бизарен брак. Во објавите, таа тврди дека животот со близнаци бил многу комплициран бидејќи таа секојдневно се грижела за нив, додека нејзиниот „сопруг работел“.

Меиривоне тврди и дека Марсело ѝ помагал околу домашните обврски и одгледувањето и воспитувањето на децата.

bizarno-brazilka-e-vo-brak-so-kukla-veli-deka-imaat-i-deca-02.jpg

Бразилката вели и дека по „венчавката“ со куклата, има и друг неисполнет сон - да има сопствен дом каде што ќе живее со „семејството“.

Очекувано, следбениците на Бразилката, но и оние кои ја слушнале нејзината приказна, се загрижени за нејзината состојба.

Сепак, додека некои сметаат дека не е во ред што нејзиното семејство ѝ дозволува да живее во илузија, други веруваат дека таа само открила начин да привлекува внимание.

Односно, на Меиривоне ѝ е потполно јасно колку бизарно звучи нејзината приказна, но сфатила дека токму ова привлекува внимание. И, кога ќе се земе предвид нејзиниот број на следбеници, можеби и навистина е така.

Повеќе фотки од бизарното „семејство“ на Бразилката на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„По 8 спонтани абортуси конечно добив син – сопругот ја продаде колекцијата патики за да платиме ин-... „Не бев сигурна дека некогаш ќе добијам бебе, а сега го држам во раце“ – вели же...
Баба му на Чарлс двапати го победила ракот и живеела до 101 година – Дали болеста е „проклетството“ ... Баба му имала две операции заради рак, а двајца дедовци биле „покосени“ од болес...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg