Докторот што ја оперирал Британката која почина во Белград: „Јас не сум виновен“

„Девојката не почина од компликации по операцијата за намалување на желудникот“ – тврди турскиот хирург Серкан Бајил кој ја оперираше Британката Морган Рибеиро, заради која авион принудно слета во Белград, а, за жал, почина по 4-дневна кома.

doktorot-shto-ja-operiral-britankata-koja-pochina-vo-belgrad-ne-pochina-od-operacijata-tuku-od-embolizam-01.jpg

Откако во сите светски медиуми беше пренесена веста за трагичната смрт на 20-годишната Морган Рибеиро, која била на операција за намалување на желудникот во Турција, а на враќање почина во Србија, се огласи и хирургот што ја извел операцијата.

Докторот Серкан Бајил појасни дека на 5-ти јануари годинава извел операција со која на желудникот на Морган бил ставен прстен.

doktorot-shto-ja-operiral-britankata-koja-pochina-vo-belgrad-ne-pochina-od-operacijata-tuku-od-embolizam-02.jpg

Младата Британка зела околу 2.000 фунти од заштедата што нејзините родители ја чувале за неа, и сама си ја платила операцијата, за да избегне долгогодишно чекање во британскиот здравствен систем.

Но, на пат кон дома, состојбата ѝ се влошила и авионот принудно слетал во Белград, па била пренесена во болница во Србија.

Докторот што ја извел операцијата во Турција сега тврди дека тој не направил грешка и дека нејзината смрт е предизвикана од емболизам или пулмонарна емболија.

doktorot-shto-ja-operiral-britankata-koja-pochina-vo-belgrad-ne-pochina-od-operacijata-tuku-od-embolizam-03.jpg

Емболизмот се јавува кога тромб, односно згрутчена крв ќе се откине од екстремитетите на телото и ќе навлезе во пулмоналните артерии. Се смета дека патувањето и долгото мирување можат да го зголемат ризикот од оваа појава.

„Таа почина затоа што претрпела емболизам за време на летот, а не заради компликации по операцијата. Навистина сум потресен, беше толку млада, посакувам тоа никогаш да не се случеше.

Ова ми се случува првпат во кариерата“ – тврди хирургот кој зад себе има 20-годишно искуство во професијата.

doktorot-shto-ja-operiral-britankata-koja-pochina-vo-belgrad-ne-pochina-od-operacijata-tuku-od-embolizam-04.jpg

Мајката на Морган, пак, тврди дека според наодите на српските лекари, хирургот не го забележал малиот засек на тенкото црево од каде потоа почнала да протекува храна во крвниот систем и предизвикала септички шок.

doktorot-shto-ja-operiral-britankata-koja-pochina-vo-belgrad-ne-pochina-od-operacijata-tuku-od-embolizam-06.jpg

Таа преживеала срцев удар, по што лекарите ја ставиле во индуцирана кома, но за жал по 4 дена девојката починала.

Инаку, Морган одлучила да оди во Турција и да направи операција по поволна цена, откако претходно трпела врсничко насилство и навреди заради прекумерната тежина.

Нејзиниот дечко, Џејмс Брестер, тврди дека медицинските лица не ја информирале Морган за опасностите што со себе ги носи хируршкиот зафат.

Прочитајте и Мајка ѝ не знаела дека ќе го намалува желудникот: Детали за смртта на Британката заради која авион принудно слета во Белград

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...
„Ќе има кој да ме чува кога ќе остарам“: 70-годишна жена од Уганда роди близнаци 70-годишна жена од Уганда роди близнаци со што стана една од најстарите родилки ...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
„По 8 спонтани абортуси конечно добив син – сопругот ја продаде колекцијата патики за да платиме ин-... „Не бев сигурна дека некогаш ќе добијам бебе, а сега го држам во раце“ – вели же...
„Бев сурогат мајка на неколку познати жени - има многу предизвици кои се кријат од јавноста“ „Морав да пополнам куп формулари. Поминав психолошка евалуација, правев прегледи...
Девојка се соочува со критики: „Се омажив за бебиситерот што ме чуваше кога имав 4 години“ „Ти беше најдобриот бебиситер во мојот живот. Среќна сум што големата разлика во...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg