„Во младоста донирав сперма - Дознав дека сум татко на 37 деца откако ме контактира едно од нив“

Питер Еленштајн од Лос Анџелес во младоста донирал сперма, со цел да може да си ја финансира желбата стане театарски продуцент. Многу години подоцна, кога „кренал раце“ од идејата дека ќе има свое семејство, сосема случајно дознал дека тој е всушност татко на 37 деца...

vo-mladosta-donirav-sperma-doznav-deka-sum-tatko-na-37-deca-otkako-me-kontaktira-edno-od-niv-01.jpg

Во раните 1990-ти, Питер Еленштајн од Лос Анџелес имал свој сон да стане театарски продуцент, но немал доволно финансиски средства.

Единствената идеја која му паднала на памет била да биде донор на сперма. Соработувал со две банки за сперма, а открива дека заработувал најмалку 45 долари по донација, до петпати неделно.

zivotot-mu-se-promenil-so-edna-poraka-02.jpg

Бил донор шест години, а како што пренесуваат британските медиуми, направил стотина донации.

Откако успеал да собере средства за да го оствари својот сон, Питер решил да се откаже од донирање сперма и ја прекинал соработката со двете банки.

Иако, како што вели Питер, донациите биле анонимни, тој се согласил дека секој од потенцијалните потомци може да го најде во случај на итна медицинска помош - ако, на пример, му треба негова коскена срж за трансплантација.

По остварувањето на сонот, Питер започнал да патува низ целата држава. Работел како актер, продуцент и режисер. 

Се запознал со неговата сопруга кога имал 48 години.

„Никогаш немав свои деца, но мојата сопруга имаше ќерка и јас се зближив со неа. Во мојата глава веќе имав свое семејство“, вели Питер за британските медиуми.

Во 2017 година, тој се развел од сопругата и ја тргнал настрана идејата за свое дете.

Но, на 6 октомври 2017 година буквално му се променил животот - Питер на својот Фејсбук профил добил порака од млада девојка по име Рејчел.

„Здраво Питер. Ти праќам порака под многу чудни околности. Ова е многу чувствителна тема, но дозволете ми да започнам.

Родена сум во 1994 година со помош на асистирано оплодување. Причината поради која ви праќам порака е затоа што верувам дека можеби вие сте биле донор“, стоело во пораката.

vo-mladosta-donirav-sperma-doznav-deka-sum-tatko-na-37-deca-otkako-me-kontaktira-edno-od-niv05.jpg

„Првото нешто што го почувствував беше шок... Тогаш се исплашив. Набрзина се вратив во хотелската соба, им ја пренесов пораката на брат ми и сестра ми.

'Дали ова може да е измама?', ме праша сестра ми, а на тоа помислив и јас. Но, уште тогаш знаев дека ова може да биде вистина“, раскажува Питер.

zivotot-mu-se-promenil-so-edna-poraka-04.jpg

„Откако пристигна нејзината порака, се јавив во банката за сперма, од каде ми кажаа дека никому не го откриле мојот идентитет, но дека има други информации за мене: датум на раѓање, висина, тежина, мојата професија...

Подоцна се покажа дека Рејчел истражувала многу за да ме најде, спојувајќи различни делови од приказната и на крајот ме нашла преку веб-сајтови за филмската индустрија.

zivotot-mu-se-promenil-so-edna-poraka-03.jpg

Бев фасциниран и морав да одговорам. Предложив видео повик. Од моментот кога ја погледнав Рејчел - со очи кои одговараа на моите - не можев да мислам на ништо друго.

Сакав да ја запознаам. Ми отвори уште еден дел од мозокот и срцето што претходно не постоеше. На почетокот на разговорот, Рејчел ми рече: 'Веројатно треба да знаеш дека нè има повеќе'“, раскажува Питер.

Првата средба на Питер и Рејчел била многу трогателна. Тој тогаш ја прашал и за другите деца, по што таа му открила дека Питер има и близнаци.

„Две недели подоцна, Рејчел и јас повторно се сретнавме и таа ми ги прочита описите на другите деца, во тоа време знаеше 11 од нив, со кои се поврзала преку регистарот за браќа и сестри на донори“.

Питер исто така признава дека по запознавањето со Рејчел не се чувствувал подготвен за средба со останатите деца.

„Запознавањето со Рејчел беше една работа, но кога дознав колку ги има, не бев сигурен дека можам да се справам со тоа. Почнав да се прашувам - дали сум емоционално стабилен…“

„Сè на сè, имам 37 деца за кои знам, а запознав 34. Тие се на возраст од 35 до 23 години. Најмалиот, Сидни, имаше 17 години кога јас се сретнав со него.

Повеќето од нив имаат и заеднички особини со мене: цврста решителност, љубов кон литературата, слободоумност... Мавтаме со рацете кога сме возбудени - Џејми, Џереми и Декстер се физички најмногу слични на мене; Мелани и Грифин ја споделуваат мојата љубов кон играните зборови и дебатата.

Кога ги гледам моите ќерки Кортни и Бретани, тоа е како да се гледам во огледало. Но, на крајот, Рејчел — ќерката што ме најде и нè собра — веројатно е онаа на која најмногу ѝ се допаѓам.

Таа ја има мојата насмевка и, како и јас, таа е полна со оптимизам. Исто така, ние го гледаме светот на ист начин - двајцата мислиме дека сме секогаш во право и двајцата можеме да бидеме многу тврдоглави“, вели Питер.

В. К. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„На 16 години бев бездомник, спиев на улица, сакав да си го одземам живот - сè се смени кога ме прим... Клои Помфрет пораснала во згрижувачки дом, а станала бездомник на 16 години. Спи...
„Ја советувам ќерка ми да се омажи богато - подобро да живее на висока нога, отколку да страда за па... „Ќерка ми си го троши времето на кретени со кои разговара онлајн и тие муабети н...
Маж со церебрална парализа бил „затвореник“ во својот дом: „Сопругата и нејзиниот љубовник не ми дав... „Поминав четири години во кревет, ме хранеа само колку да преживеам“, открива па...
Вдовицата на Хефнер: „Од лошата хигиена во палатата добив болести, на Хју му беше здодеано од секс“ По 8 години живот во Плејбој палатата Кристал добила лајмска болест, а било утвр...
Брачен пар, кој не сака деца пред да го прошета светот, е мета на осуда: „Прво сакаме да уживаме во ... „Сакаме деца еден ден, но прво сакаме да уживаме во слободата. Не попуштаме под ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg